Практикување на здрави иновативни методи за личен и професионален развој

Позитивниот и здрав животен поглед кон светот, луѓето и кон себе, не е само романтичен поглед со наивно верување во добрите намери на луѓето и околината, туку проактивна комуникација насочена кон позитивните аспекти на личноста на индивидуите и настаните, со кои сте во секојдневен контакт. Вештината на пронаоѓање во себе такви зони како и пронаоѓање на исти такви зони кај луѓето и настаните околу вас е предзвик кој може да го постигнете преку учество во програмите и активностите кои ви ги нудиме.

Моделот кој го користиме во нашите програми вклучува развивање на личноста на личен, социјален, емоционален, духовен, еколошки, професионален, интелектуален и физички аспект. Користиме активности и методи со кои работиме на подобрувањето на личната и професионална благосостојба, и практикуваме современи и древни техники наменети за подобрување на севкупното психо-физичко здравје и благосостојба.

Новости

Системски интегриран тренинг за емоционално ослободување по методот на психологот Филис Кристал

август 18th, 2020|

Два дена интензивна работа на себе по методот на Филис Кристал, во природа, на отворено на тема “Се грижам за моето внатрешно дете” 26 и 27 Август 2020 во с.Долно Соње Филис Кристал (1914-2016) е

Јога пикник #ПикникМат #ЈогаМат

август 17th, 2020|

Ако некој ве праша , несомнено би се согласиле дека целта на животот е да уживаш во него. Но сепак многу луѓе се соочуваат со стравови, неволји или пак нереални очекувања, со што, особено во

Јога вежби со стап во природа

август 17th, 2020|

Многу луѓе мислат дека истегнувањето е само за оние кои вежбаат, но во суштина истегнувањето е потребно на сите, без разлика дали и колку се физички активни. Тоа е потребно за да ја одржиме мобилноста

Load More Posts

Видео библиотека

“ Најдобрата за јога и медитација. ”

Елена М, Април 2019

“ Гласот на иструкторот е многу смирувачки. ”

Соња М, Декември 2018
“ Инспирира, мотивира, подига и носи кон акција! “
Ирена А, Април 2020
“ Одлични водени медитаци. Билјана е вистински професионалец. Посебно го ценам нејзиниот ангажман во ова време- невреме. Топло ја препорачувам “
Снежана Б, Април 2020

“ Секоја чест Билјана за трудот кој несебично го вложуваш и шириш позитивна енергија! Прекрасни јога часови. ”

Ирена С, Април 2020

“ Прекрасни и многу моќни медитации води Билјана ”

Катерина М, Април 2020

“ Најдобрата ОНЛАЈН медитација! Ти благодарам за несебичната подршка која ни ја пружаш во овие карантински денови. ”

Анита К, Април 2020

“ Прекрасно како и секогаш. Ми ја враќаш насмевката и крилјата . Ти благодарам Биби што го правиш ова и што ни ги разубавуваш животите. ”

Ирена И, Мај 2020

“ Прекрасно искуство за сите сетила . Фала многу Билјана ”

Александра К.Б, Април 2020

“ Презадоволна сум после секој час и се чувствувам одлично. Добро е што постоиш инче ќе требаше да те измислиме. Благодарам од срце! ”

Сузана Љ, Април 2020

“ Прекрасни онлајн часови и дружба ”

Кираца К, Април 2020

“ Вежбите и медитациите во комбинација со ликот и гласот на Биљана Пешева се искуство кое ти го олеснува денот, месецот, годината… БРАВО Биљана за идејата да направиш онлајн вежби за јога и медитации во време кога на сите и те како ни е потребно! Царица си! Ти Благодарам што постоиш! ”

Јасмина А, Март 2020

“ Чувство на ослободување, на енергија, на растење во себе, ете тоа ни го дава Биле со медитациите и јогата. ”

Наташа Б, Март 2020

“ Дефинитивни најдобри јога часови ”

Марга С, Април 2020

“Многу практични меки вештини и вештини за здрав живот! Навистина добивате она што ви треба на обуките ! ”

Елена М, Април 2019

“Топло го препорачувам Healthy Life Skills на секој оној кој сака да работи на себе на физичко, ментално и духовно ниво. Редовните yoga часови се идеално структуирани за да се ослободите од напнатоста, грижите и товарот кои го носи секојдневието, додека yoga retreat-ите се нешто што задолжително треба да се искуси. На нив секогаш нурнувам длабоко во себе, доживувам прекрасни и незаборавни искуства со Билјана Пешева, се збогатувам интелектуално и социјално преку запознавање неверојатни личности со кои се дружам и понатаму. Не двоумете се, пријавете се на следниот час и на следниот yoga retreat, Биби е вистински професионалец кој ќе Ви помогне да ја откриете светлината во Вас.”

Христина В, Мај 2019
“Билјана е тренер со врвен кавлитет и која се дава 100 % на сите вежби и предавања која таа ги држи.”
Матилда С, Декември 2018
“Прекрасно предавање и атмосфера за работа.”
Вера Б, Јануари 2019
“Ако сте почетник таа ќе ве воведе во тајните на медитацијата , јогата, здравиот начин на живот и размислување, кон поврзување со своето внатрешно, суштинско јас , со многу љубов и слобода ! А, ако сте веќе искусни ќе можете со Билјана Пешева да разменувате искуства и заедно да напредувате. Топло ги препорачувам нејзините сесии.”
Даниела С, Декември 2018

“Методата на Филис Кристал ја дознав во Индија, а преку Билјана Пешева започнав да ја практикувам вистински оваа година. Со моето скромно долгогодишно искуство во духовниот развој топло би ја препорачал на секој: најтопло и најискрено ! А Билјана ја дава со огромна љубов. ”

Даниел Г, Декември 2018
“Билјана е докажано најдобра во Македонија и пошироко. Патот може е долг но ти Биле, го имаш она што ќе те однесе на врвот! “
Катерина С, Декември 2018