Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Ослободи се од туѓите очекувања

  • 28 Јул, 2022
  • Com 0

Нашите животи се испреплетуваат со животите на други личности заради нашиот взаемен раст и развој, а ние самите ги привлекуваме оние луѓе и искуствата кои ни требаат, за да нè научат, што и да е тоа, што треба да го научиме во овој живот !

Но, двајца луѓе кои имаат блиски и/или интимни односи еден со друг, најчесто проектираат еден дел од себе врз другата личност.  Делови од нас се спојуваат со другата личност и обратно – тоа нај живо може да се види кај тазе заљубените парови кои најчесто велат – ние сме една душа а две тела. Кога сме така споени, дали како партнери, неразделни другари или љубовници, овие проекции  ги апсорбираме и ги идентификуваме во нас самите, а токму тоа го покрива  нашето вистинското јас, нашето  внатрешно“дете” .

Овие проекции, може да бидат емоции, мисловни форми, ставови  или начини на постоење, и ако не се одвојат од личноста , може истите да бидат причина за нерамнотежа и дисфункција во психата. Несвесно ги прифаќаме проекциите исто како  да се наши:  мислења, однесувања, чувства, a тие се всушност од некој друг. Лицата кои се високо чувствителни на туѓите “енергии”  поминуваат низ овие процеси цело време. Оваа проекција не е само еднострана  – ние исто така можеме да ги проектираме своите мисли и чувства кон другата личност,  што има влијание врз нивното длабоко несвесно ниво.

Она што влијае врз нас да несвесно прифатиме нечија проекција тоа се нашите минати искуства: случките од детство или некои трауматичните настани –  кои ни ја имааат врзано и блокирано манифестацијата на нашата вистинска природа, тогаш но и сега и овде.  Освен ова постојат и  посуптилни врзаности кои сме ги усвоиле од случките од животот,  како на пример силни емоции или страст за работи како што се храна, алкохол, пари, моќ и друго.

Учесниците од моите досегашни програми направени врз основа на методот на психологот Филис Кристал, често пати се шокирани од сознанието дека сеуште внатрешно се   “енергетски врзани” со родителот, бабата, дедото, претходниот партнер или пак љубовникот и изненадени од фактот дека се уште ги носат проекциите и очекувањата за себе и/или партнерот и тоа во својот сегашен живот или врска, независно колку време поминало од разделбата.

Чувствата, како што се гневот, болката, љубомората, па дури и одмаздата,  создаваат дисхармонија во телото, умот и душата на секој еден од нас, особено ако ги имаме задржано во себе.

За да бидеме целосно слободни, треба да се одврземе од она што не врзува или доминира врз нас,  а особено е важно да се одврземе од негативните врзаности кон луѓето и работите што го попречуваат нашиот физички, емоционален и духовен развој. “Сечењето” на врските помага да повторно се поврземе со изворот на мудроста, со својата вистинска суштина која се наоѓа длабоко во нас самите, и на која сме заборавиле. Преку овој процес исто така може да се ослободиме и од нездравите зависности и негативното програмирање добиени од детството.

Тоа што треба да се разбере овде е дека се додека нашата свест е ангажирана  со решавање на нерезрешени чувства, ние сме врзани преку енергетска врска  со личноста или ситуациите што ги предизвикува тие чувства. Оваа врзаност во буквала смисла  ни оневозможува да се вклучиме во животот,  во сегашноста , во новите реалции без разлика дали се тоа партнерски или љубовни  и најпосле да продолжиме со својот живот.

6 неделниот онлајн курс “Ментално и емотивно ослободување” кој го креирав врз основа на  уникатниот метод на психологот Филис Кристал, им помага на учесниците да се ослободат од внатрешните врзаности кои ги имаат, и тоа најпрво со оние кои ги одгледале (родители), потоа и други значајни личности од нивниот живот, со работи, настани, начини на живот, или со нешто што ги спречува да бидат слободни. Вежбите секогаш се изведуваат во длабоко релаксирана состојба, преку водена медитација (ќе се изведуваат онлајн преку Zoom на сесии во живо). На тој начин тие стапуват во контакт со Повисока Свесност (Higher Conciseness) од којa секогаш може да побараат водство за секој следен чекорво вежбата и да добијат корисни одговори, кои се во контакт со нивната вистинска природа како и насоки за завршување на сопствените внатрешни процеси.

 

Искустете ја оваа метода на мојот нов курс “Ментално и емотивно ослободување” кој започнува на 6 Февруари 2022.

 

Повеќе информации можете да најдете на следниот линк

 

Тагови:
#biljanapeseva#Createnewselfimage#cuttingthetiesthatbind#emotions#freechallenge#frozentimedrops#healingconversations#healingyoursoul#healthyliving#mentalhealtawarness#mentalhealth#onlinepersonaldevelopment#onlineprogram#wellnestraining
Споделете на:
Создадовме нова слика во себе, за себе!
Викенд предизвик за ментално и емотивно здравје

Последни постови

Thumb
Пролетно будење: Утрински Јога Ритуали
24 Мар, 2026
Thumb
Wellness Afterwork & Релациските потреби: Науката и
03 Мар, 2026
Thumb
Како наследството од нашите предци влијае на
02 Мар, 2026

Категории

  • Активен одмор (33)
  • Блог (187)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (65)
  • Курсеви (11)
  • Личен развој (91)
  • Настани (51)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2026 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се