Доколку сте мотивирани да работите на развојот на човечките потенцијали во вашата организација, ви нудиме целно ориентирани и делотворни обуки за личен и организациски развој.

 

Професионалниот успех се постигнува со перманенетно надградување на знаењето и вештините на вработените. Но, кај возрасните луѓе процесот на учење е специфичен и се разликува од начинот на кои учат младите и децата. Поради тоа, оние возрасни луѓе кои сакат да совладат нови знаења и ги унапредуваат старите, базично треба да ги унапредат и развијат своите интерпесонални и интелектуални способности, со што создаваат квалитети кои се неопходни во секојдневниот приватен и професионален живот се повеќе и повеќе.

 

 

 

Целта на обуките за стекнување на интерперсонални вештини води кон создавање на лидери, тимски работници и ефикасни вработени во Вашата организација. Нашите знаења се во склад со светските трендови за развој на човечките потенцијали и прилагодени на потребите од нашата средина. Обуките се обликувани врз основа на карактеристиките на процесот на учење кај возрасните и ги опфаќаат следните фази: одредување на цел и проценка, планирање, подготовка, презентација и фацилитација, перформанса и евалуација.