Моментално празен: 0ден
Блог
Кога Мајката простува: Моќта на безусловната љубов

Постои едно предание за светиот човек, јогин и мудрец Шанкарачарја, кој во неговата младост бил приврзаник на филозофијата: “Сè е илузија (маја)” и затоа не ја признавал Божествената Мајка – Шакти. Но еднаш додека патувал низ Хималаите, тешко се разболел и паднал во бессознание. Во тие мигови му се појавила млада девојка која го разбудила и го исцелила – а која потоа се преобразила во самата Богородица или Бхавани – Мајката на Универзумот. Тој бил длабоко трогнат, и тогаш од срце ја напишал познатата молитва до неа – “До божествената мајка – молитва за простување” а покасно создал многу стихови и песни, најубавите секогаш ги посветувал на женскиот аспект на Божественото.
Молитва до Божествената Мајка за простување
Стихови од Devyapadakshamapanastotram
Автор: Ади Шанкарачарја (Adi Shankaracharya)
Ова се пет од вкупно осум стихови од „Молитва за прошка од Божествената Мајка“, напишани од Ади Шанкарачарја – еден од најголемите јогини и духовни учители на Индија, основоположник на адваита веданта (недвојството).
Превод на стиховите на македонски:
1.
Не знам како се рецитира Твојата мантра, ниту како се користи јантра,
Не знам како да Те повикам, ниту како да медитирам на Тебе.
Не знам како да Ти се молам, ниту како да ги изразам моите болки.
Но ова го знам, о Мајко:
Дека ако прибегнам кон Тебе – сета моја болка ќе исчезне.
2.
Поради моето незнаење, сиромаштија и мрзеливост,
Не можев да ги обожувам Твоите нозе.
Но, о Мајко, спасителке на сите,
Ова сето треба да биде простено.
Зашто лош син може понекогаш да се роди,
Но лоша мајка – никогаш.
3.
О Мајко! Имаш многу достојни синови на земјата,
А јас сум безвреден.
Но не е право Ти да ме отфрлиш.
Зашто лош син може да се роди понекогаш,
Но лоша мајка – никогаш.
4.
О Мајко на светот,
Не ги обожував Твоите стапала,
Ниту пак Ти дадов дарови.
Сепак, Твојата љубов кон мене е без споредба.
Зашто лош син може да се роди понекогаш,
Но лоша мајка – никогаш.
5.
Немам желба за ослободување,
Ниту пак за богатство или знаење.
О, Лице од месечина, дури ни среќа не посакувам.
Но Те молам само едно:
Нека мојот живот мине во пеење на овие зборови:
Мридаани, Рудраани, Шиваа, Шиваа, Бхавани *.
- Ова се разните имиња на Божествената Мајка на санскрит, на пример Мрдани значи онаа која има Сочуство, Рудрани – Бестрашна, Шиваа – Чиста, Ослободена, Спиритуално подигната, Бхавани – Мајка на Универзумот
Зошто простувањето е важно:
Простувањето е длабок духовен чин на враќање кон љубовта и вистинската поврзаност со животот. Преку оваа молитва, Шанкарачарја не само што моли за прошка, туку покажува и сознание за човечката ограниченост и Божјата безусловна љубов. Простувањето е важно бидејќи:
-
Нè ослободува од вина, гордост и болка – признавањето на сопствените грешки отвора пат кон исцелување.
-
Го омекнува срцето – учиме да бидеме смирени и поврзани со нешто поголемо од нас.
-
Не е знак на слабост, туку на храброст – бара сила да се прифати несовршеноста и сепак да се љуби.
-
Го обновува односот со себеси, со другите и со божественото – како што покажува овој текст, дури и кога не сме „достојни“, љубовта на Мајката нè опфаќа.
🌸 Медитација за Простување: Поврзување со Божествената Мајка
Практикувајте ја оваа медитација кога сте сами и имате потреба од тоа да се поврзете со себе.
Затвори ги очите
Вдиши длабоко… и издиши полека.
Осеќај го твоето срце, твоето тело… дозволи си да бидеш тука, сега.
Повикај ја Божествената Мајка со нежност:
Тивко или во себе кажи:
„О Мајко, ти која си љубов и милост, прифати ме со сите мои слабости.“
Замисли светлина во срцето
Светлината нека биде со боја што те смирува – можеби златна, розева или бела.
Таа светлина расте… и го обвива целото твое тело. Тоа е љубовта на Божествената Мајка.
Повтори во себе (афирмации):
Ја пуштам болката што ја носам со себе.
Ја отворам душата за простување.
Простувам на себе, простувам на другите.
Сум сакана/сакан и прифатена точно таква/таков каква/каков сум.
Моето срце повторно дише во мир.
О Мридаани, Рудраани, Шиваа, Бхавани – води ме со твојата љубов.
Остани во тишина уште неколку вдишувања…
Почувствувај ја леснотијата, топлината, олеснувањето…
Кога ќе бидеш подготвен/а – полека отвори ги очите.
Се надевам дека уживавте во овој текст и медитацијата која можете да ја практикувате редовно секогаш кога ќе имате потреба.
Простете – и ќе ви биде простено!
За повеќе што нудиме кликнете на копчето НАСТАНИ и дознајте се што ве интересира
Љубов и светлина