Моментално празен: 0ден
Блог
🌿 Нов курс: „Ментално и емотивно балансирање“ со техниките на Филис Кристал
Од рана возраст го насочив своето внимание кон осознавање на мислите и смирување на умот. Од 2013 година водам часови по јога, медитации и тренинзи за личен и професионален развој. Во текот на сите овие години, во работа со индивидуи, групи и организации, сè повеќе се уверувам во едно:
✨ Медитацијата има моќ да исцели болка, да ослободи стрес и да нè наполни со нова животна енергија.
Со техниката на психологот Филис Кристал се сретнав уште во 1996 година, за време на едукација по трансакциска анализа — правец во психотерапијата што ја проучува комуникацијата меѓу луѓето. Тој викенд беше вистинско откровение: сфатив дека психологијата и духовноста не се одвоени светови, туку делови од едно исто цело.
Подоцна, во 2001 година, ја имав честa да ја запознаам Филис Кристал во живо, на нејзиниот семинар во Скопје. Таа ни остави длабоко наследство на симболи и техники за ослободување од старите врски и ни покажа како да се поврземе со Повисокото Јас. Почина во 2016 година на 103-годишна возраст, но нејзината мудрост и понатаму живее низ илјадници практичари ширум светот. 🌸
Во мојата индивидуална и групна работа техниката ја применувам повеќе од 15 години – прво како искуствени работилници и потоа како онлајн курс, кој го реализирам двапати годишно. До денес, оваа техника ја имаат поминато повеќе од 500 учесници.
Многумина споделуваат дека курсот им помогнал да се ослободат од потиснати емоции, да ги разберат своите односи и да пронајдат внатрешен мир.
✨ На курсот „Ментално и емотивно балансирање“ добивате практични алатки за:
-
ослободување од старите модели и енергетски врзувања,
-
воспоставување лична рамнотежа,
-
препознавање на сопствените потреби,
-
поврзување со интуицијата и внатрешниот мир.
Овој процес е длабок, но и нежен — тоа е патување кон себе, кон својата вистинска суштина.
Ако те интересира која е Филис Кристал кликни ТУКА
💫 За сите кои сакаат прво да се запознаат подлабоко со оваа техника, можат да се приклучат на бесплатниот петдневен предизвик „Ментален детокс на умот“, кој ќе го водам од 14 до 18 ноември преку Zoom.
👉 За предизвикот прочитајте повеќе на овој линк: healthylifeskills.mk/events/mental-detox-challenge-biljana-peseva
✨ Овој Ноември курсот „Ментално и емотивно балансирање“ ќе го реализирам хибридно: во живо – со физичко присуство, за оние кои сакаат да го искусат процесот во групна енергија, додека за сите кои не можат да присуствуваат во живо, ќе има можност да го следат онлајн преку Zoom.
💫 Ве поканувам да се приклучите на овој курс кој ќе се одржи на 29 и 30 Ноември 2025 година во Проефект Обуки Скопје.
Љубов и светлина,
Билјана Пешева ❤️
автор, тренер, јога инструктор и терапевт во семејни констелации, со над 25 години искуство во личен развој, ментално здравје и холистички практики.



