Искористете го продолжениот викенд во месец Октомври и дојдете на три дневен активен јога одмор на 1250 метри надморска висина во волшебното Крушево

Идеално годишно време за посета на Крушево нема. Мештаните велат дека Крушево е идеално само по себе,  па ако сакате ведри ноќи, свежи и пријатно топли есенски денови може да појдете за 11 Октомври со нас и да го почуствувате тоа.  

Јогата навлегува длабоко во нашите животи, особено сега кога темпото на живот е брзo и се соочуваме со многу стресови во секојдневието. Поради промена на начинот на живеење последните месеци многумина се жалат дека неможат да посетуваат редовно часови јога поради недостиг на време, страв и многу обврски. Еве прилика токму за Вас, каде во неколку дена, ќе искустите древни и модерни техники за совладување на стресот и ќе ги избалансирате вашите мисли и емоции.

Гледајте на овој активен јога одмор како на едно патување кон себе, каде преку активностите и задачите кои ќе ги имате во текот на овие три дена, ќе ги смирите вашите мисли и ќе ги избалансирате вашите емоции и најважно од сѐ ќе се вратите освежени и подготвени за совладување на предизвиците од вашето секојдневие. кои никаде нема да ви побегнат.

 

Крушево активен јога одмор ви нуди:

✓ 4 дневно незаборавно дружење (3 ноќевања со вклучено доручек и вечера)

✓ Утрински и вечерни јога вежби за физичко и ментално здравје

✓ Тимски активности

✓ Медитација

✓ Техники за дишење

✓ Тишина

 

МЕТОДИ НА РАБОТА

  • Јога вежби : Ќе практикуваме едноставни и ефикасни лесни хата јога вежби за истегнување и опуштање на телото, наутро и навечер преку кои ќе си овозможите да го почуствувате и енергизирате своето тело, да ја подобрите неговата флексибилност и ги проширите внатрешните граници.
  • Техники за дишење: Ќе научите техники на дишење преку кои ќе можете да го неутрализирате длабоко вкоренетиот стрес и ќе го намалите заморот. Преку пракиткување на техники на дишење ќе ја подобрите личната благосостојба, ќе го зголемите оптимизмот, зајакнете менталниот фокус и ќе си ја подигнете имунолошката функција на организмот.
  • Креативна визуелизација: Оваа единствена техника за опуштање и визуелизирање, специјално развиена за да се практикува со луѓе и кои немаат предходно искуство во тоа, помага да се смири болката и вознемиреноста во умот и дава способност и моќ да се исклучите по своја
    своја воља од внатрешно вознемирувачки ситуации. Оваа техника ќе ве однесе кон состојба во која вашиот ум ќе научи да се релаксира и да биде буден истовремено, со што се постигнува чувството на проток на енергијата.
  • Тишина: Ќе имаме сесии во кои ќе правиме интроспекција во тишина, која заедно со техниките за дишење и медитациите, резултира со длабока детоксикација и ќе му овозможи на вашиот ум да се опушти целосно, истовремено оставајќи можност да се изрази автентично но и да се приклучи на внатрешниот извор на креативност и радост.
  • Групна работа: ќе примениме научно дизајнирана алакта за проверка на личноста, ќе усвоите поголемо разбирање за интраперсоналната комуникација која влијае врз работата на вашиот Ум и законите на умот која ќе ви овозможи подобро да се запознаете себе си и другите.

Придобивки од учество на овој активен јога одмор

  • Ефективност: Длабоко чувство на релаксација и одмор, што помага да се зголеми ефикасноста и продуктивноста во животот.
  • Среќа: Зголемување на свесноста за личното здравје и благосостојбата
  • Фокус: Усвојување на техники за смирување и центрирање на умот и личниот фокус а во исто време воспоставување на активна и будна состојба на умот
  • Способност да се исклучите: Усвојување на вештини за одделување на стресот и напнатоста од вас самите. Способност да спиете подобро ноќе.
  • Одржливо однесување: Ќе научите како самостојно да ги користите техниките а со тоа добивате систем на одржливо однесување кое може да ви стане камен темелник на почетокот на вистинска грижата за себе.

Јога вежбите и сесиите ќе се изведуваат во природа 

МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ

Хотел Монтана Крушево – хотел со 4 звезди

Дата 9-12 Октомври 2020

Во цената е вклучено:

  • 3 ноќевања
  • Полупансион (доручек и вечера)
  • Учество на активниот јога одмор

Во цената не е вклучен превозот и други неспомнати трошоци

ЦЕНА по човек

Еднокреветна соба 7.770 мкд

Двокреветна соба   6.870 мкд

Постои можност за учество на целокупната програма за оние кои ќе бидат во Крушево  а се сместени на друго место. Цената  изнесува 1.500 мкд

Рок за пријавување: 26 Септември 2020 со уплата на 50 % од износот

Плаќањето се врши на жиро сметка на “СУНА Хелти Лајф” жиро 300000000379694

За прашања и информации тука