Што Ви ветувам дека ќе добиете за себе на овој јога ретрит:
Ќе добиете своја лична јога рутина и ќе се поврзете со својата енергија и тело
Опис на активностите:
Во овој 4 дневен ретрит, ќе научите како правилно да вежбате јога асани кои одговараат на вашата физичка конституција и еластичност. Ќе научите 2 техники за дишење кои ќе Ви го смират умот, балансираат вашиот нервен систем, опуштат срцето и енергизираат вашето тело. Ќе почуствувате како вашето тело ќе се детоксифицира и енергизира од капењето во термалните води во Сокобања. Ќе научите како да го слушате својот внатрешен глас и следите потребите на вашето физичко тело. И најважно ќе научите како да се чувствувате по живи, по позитивни и по среќни во сопствената кожа.
За кого е наменет овој јога ретрит?
За сите оние кои се осеќаат уморно од секојдневните обврски, сакаат да ја вратат или обноват својата енергија на природен начин и кој сакаат да бидат во контакт со своето тело и добробит.
Сместување
хотел BANJICA 3* – Сокобања https://www.banjica.co.rs/
во двокреветни и трокреветни соби
Цена по лице 128 евра или 7.700 мкд
Дата: 30.04 – 03.05.2021
Уплата на жиро сметка на СУНА Хелти Лајф Скопје 300000000379694 со назнака “СОКОБАЊА”
Местата се ограничени. Пријава со уплата 50 %
Можност за плаќање на 2 рати
Во цената влегува
-
3 ноќевања
-
Полн пансион (доручек, ручек, вечера)
-
Автобуски превоз (Скопје – Соко бања -Скопје). Патувањето е со високо туристички автобус според протокол кој е активен во моментот
-
6 часа ЈОГА вежби за физичко и ментално здравје
-
6 часа ВЕЛНЕС Работилници за здравје и свесност
-
Бесплатно користење на џакузи базен
-
Бесплатно користење на спортни терени
-
Хотелот се наоѓа во близина на градскиот парк кој изобилува со дрва и зеленило и каде што ќе вежбаме јога
-
Факултативен излет до Сокоград и Лептерија
Во цената не влегува:
-
Користење на wellness центар во хотел Сокотерме кој поседува внатрешен базен, солена соба и џакузи. Цените за дневните карти се движат од 5 до 7 евра sokoterme.net
-
Други неспоменати услуги од хотелот
-
Патничко осигурување ц-ца 150 мкд
Други информации
- Цената за деца до 11 години изнесува 4650 мкд
- Цената за оние кои не сакаат да учествуваат на јога ретритот изнесува 6.900 мкд (напомена: предност за учество имаат лицата кои учествуваат на ретритот)
- Цената на аражманот за оние кои ќе дојдат со сопствен превоз изнесува 7.000 мкд
- За реализација на ова патување треба да има минимум 30 лица
- Пријави со уплата на 30 % аванс најкасно до 20.03.2021
Напомена:
- Ќе работиме согласно важечките протоколи за заштита од Ковид-19 и ќе ги почитуваме правилата на движење во групи.
Овој јога ретрит ќе го води М-р Билјана Пешева
Таа е позната по својот уникатен личен и професионален пристап во водењето на своите програми, семинари, ретрити, едукации и работилници и тоа повеќе од десет години, во земјата и странство.
Нејзиниот пристап е холистички, (сеопфатен) и насочен кон подобрување на целокупната состојба на личноста и нејзина интеграција во општеството. Таа работи на развојот на интелектуалните и интерперсонални вештини кај луѓето употребувајќи традиционални и модерни техники и методи со кои тие учат како да го надминат стресот и го подобрат своето лично физичко, ментално и емотивно здравје. Нејзиното долгогодишно искуство на работа со и во групи е добиено преку едукација во трансакциска анализа на Др. Ерик Берн, едукација во човечките вредности, Едукација за сеопфатна (холистичка) благосостојба (wellness) и многу други едукации и техники. Таа во моментот држи обуки, тренинзи и едукации онлајн и во живо на тема подобрување на комуникацијата и ослободување од негативните емоции, јога ретрити и венес активни одмори
ПРИЈАВИ НА МАИЛ: HEALTHYYOGASKOPJE@GMAIL.COM