Јогата е многу стара дисциплина. Првите материјални докази за постоење на јогата ги наоѓаме во древната цивилизација од долината Инда, која го достигна свој најголем подем 3000 години пред нашата ера. Во архелошките ископини, пронајдени се бројни глинени машки фигури кои прикажуваат човек во разни јога позиции кои биле пронајдени во два од шеесет до денес ископани градови во оваа долина.

Најпознатото пишано спомнување на јогата се наоѓа во Упанипшадите кои се древни Индијански списи. Во најстариот Упанишад – Катопанишад, најпознат е описот каде што се споредува човекот и тоа: човечкото тело со кочија, сетилата со коњите (кои ја водат кочијата), интелигенцијата со кочијашот (на кочијата), разумот се уздите, а Себството е патникот кој се води во оваа кочија. Кога себството е збунето од телото умот и сетилата ,тоа ужива во задоволствата и страдањата. Меѓутоа, првото најкомплетено дело за јогата го има напишано Пантаџали во 2. век пред нашата ера.

Иако јогата како дисциплина во својата оригинална форма била наменета за духовен развој и
ослободување, нејзините терапевтски и превентивни особини за првпат почнаа да откриваат на Западот пред пеесет години.

Денес јога се практикува низ цел свет а нејзините терапевтски својства се познати во научните установи, не само на Западот, туку и во земјите од Источна Европа.

Само ќе ги спомнеме големите институти во Европа

  • Во Велика Британија: “yoga biochemical trust”, која беше основана од доктор Робин Монро 1983 во Лондон
  • Во Германија, терапевтските својства на јогата во последните триесет години се истражува во Фондацијата за Холистичка медицина – “Weg Der Mitte”, основана во 1977 година во Берлин.
  • Да споменеме дека во Германија, поголем број осигурителни компании ги надоместуваат дел од трошоците на своите клиенти за обука на курсеви за јога. (Годишно се издвојуваат 75.000 евра).

Во САД, јогата доживеала најголема пораст , и овде ќе ги спомнеме само некои од институциите кои применуваат во превентивни и терапевтски цели:

  • “Институт за истражување на превентивна медицина”, директор – кардиолог д-р Деан Орниш
  • “Феникс Рајзинг Јога Терапија” – основач и директор д-р Мајкл Ли
  • “Американски институт Винијога” – директор г-дин Гери Крансуув
  • “Меѓународната асоцијација на јога-терапевти”, реж. Г-дин Џон Кепер.

Системот на јога вежби, се користат во превентивни и терапевтски цели, а се состои од јога Позиции – Асани, техники на дишење – Пранајма и техника на длабока јогиска релаксација – Јога нидра.

Јога позициите дејствуваат на мускулатурата на телото. Ги истегнува силните мускули и ги зајакнува слабите мускули. Тоа е тајната на еластичноста, која што се состои од истегнување на опуштените мускули под дејство на лесни и постепени извелкувања. Таквото стегнување на предходно опуштените мускули под дејство на лесни постепени извлекувања објаснува зошто асаните или положбите на телото се подобри од гиманстиката.
Мускулот се шири повеќе и подобро кога е опуштен. Нагло истегнување на мускулот кој не е релаксиран може да ги трауматизира ткивата и да настане превртување или пукање на мускулните влакна. Лесно, постепено, и непрекинато извекување на опуштениот мускул напротив повлекува за себе цела низа на поволни ефекти, а најпрво е тоа што се истискува крвта особено венозната (венската крв). Венозната циркулација не зависи од срцевите импулси, туку од наизменични стегање и опуштање на мускулите, која со притискање на вените ја бутка крвта кон срцето. Само со истегнување темелно се празни мускулот. Штом тоа престане, мускулот повторно го добива свој нормален обем и го зголемува доводот на свеж крв, кој го храни телото/мускулот. Секое вакво истегнување ја зголемува границата на нормална еластичност на телото и мускулите и така телото добива на зголемена еластичност.

Начинот на кои јога асните делуваат на телото, на пример во позиците на свиткување напред и назад е следниот.

Истегнувањето на долниот дел на телото ја стимулира работата на карличната симпатикус и парасимпатикус нервен систем, што се одразува на функција на стомачните органи. Се доаѓа до лесно раздвојување на пршлените на рбетниот столб, па нервите се ослободуваат. Зголемено истегнување на мускулите ја потиснува крвта, од кичмениот столб кое при враќањето назад во нормална позиција доведува до поголем прилив на крвта и го зголемува протокот на енергија низ кичмениот столб. Исто така, се протегаат и мускулите и лигаментите на нозете.

Свиткување на телото наназад го зајакнува карличниот предел и доведува до парасимпатикусот поголема количина на крв и тоа во долниот дел од кичмата што се прави со силна контракција на мускулите во тој дел од телото. Интензивна длабока масажа ја стимулира работата на бубрезите и се олеснува процесот на мокрење. Целиот дигестивниот тракт и неговите жлезди се тонифицираат, стимулираат и јакнат.

Наизменично стегање и истегнување на перасталтиката на стомакот влијае врз раздвиженоста на цревата. Зголемување на притисокот врз органите во стомакот го деконгестира црниот дроб кој со длабоко јогиско дишење исто така благо се масира и се се зголемува протокот на крв во целиот стомачен тракт. Со зголемување на еластичноста се исправува кифлоза и се спречува статика на градниот кош која што се развива со оваа болест.

Досегашните информации за докажаните ефекти на јогата можат да се поделат во три категории: физиолошки, психолошки и биохемиски позитивни ефекти – постигнати од редовно вежбање на традиционалнот систем асана-јога положба, пранајами-техника