Здравјето е наше најголемо богатство и во сочувување на нашето здравје, јога вежбите и техниките за дишење имаат непроценлива вредност. Со помош на јога вежбите ние ја истегаме, зајакнуваме и обликуваме мускулната и скелетна градба a на тој начин го корегираме држењето (ставот) на телото, го подобруваме здравјето и потикнуваме да се активираат сите телесни физички, физиолошки и ментални функции.


На крајот на јога часот, Вие ќе бидете способни да го препознаете, следите и унапредите сопствениот физички и ментален развиток и да ја намалите менталната и емотивна напнатост предизвикана од секојдневниот стрес во вашиот живот.
Еден час содржи во себе вежби за опуштање на телото, вежби за почетно загревање на телото, вежби (асани) за телото, вежби за дишење (пранајама) и релаксација (медитација).
Часовите се прилагодени на возраста и исуството на практикантите.

Презадоволна сум после секој час и се чувствувам одлично. Добро е што постоиш иначе ќе требаше да те измислиме. Благодарам од срце!
Сузана Љ, Април 2020

Грижете се за сопственото психо-физичко здравје и пријавете се на учество на редовните часови!

Зачлени се и добивај новости