Една од многуте убавини на вежбањето јога е што буквално може да се направи насекаде. А, вежбањето јога во природа може само да ја поттикне вашата пракса на еден сосема поинаков начин.

Јога часовите пожелно е да се одржуваат во природа. Знаете зошто? Бидејќи животната енергија или „праната“ најмногу ја има во природа (на планина, во шума, на море или езеро). Самата посета на овие места е одлична, но кога дополнително на тоа и практикувате јога вежби и техники на дишење, дополнително овозможувате нова свежа енергија да влезе во секоја пора на вашето тело, со што се балансирате и полните со енергија. Ова е најуспешниот и најбрзиот начин како да се дојде до нова енергија. Динамичниот живот во кој живееме денес, за жал, негативно влијае врз нашата природна витална енергија, а со тоа и врз нашето здравје и долговечноста.

Чувство на ослободување, на енергија, на растење во себе, ете тоа ни го дава Биле со медитациите и јогата.
Наташа Б, Март 2020

Грижете се за сопственото психо-физичко здравје и пријавете се на учество на јога часовите во природа!

Зачлени се и добивај новости