Термин: 06.08.2020-09.08.2020 (3 ноќи) Цена 5.900 мкд, 3 ноќевања на база полу пансион (доручек и вечера)

Имате ли потреба од вистинско ресетирање и пауза? 🍀 Повеќето од нас последните месеци живеат во страв и напнатост која носи со себе нервоза, долготраен стрес и манифестација на хронични болести. Стресот е фактор кој исфрла или исклучува од нормално функционирање на имунолошкиот систем а во комбинација со страв може да направи подолготрајни здраствени последици. Напнатиот и нервозен човек не е прилагодлив и не е во рамнотежа.

Затоа, ви предлагаме да се приклучите на нашиот единствен исцелувачки хелти јога -активен одмор во вилата Бабин Заб, на планината Баба. Бабин заб се наоѓа над селото Нижеполе на 1.100 метри надморска височина на ридско-планински терени на планината Баба. Оддалечено е 9 километри југозападно од Битола.

Healing Healthy Yoga активниот одмор обезбедува единствена можност за физичко, вербално, емотивно и ментално опуштање. Ви овозможува да ги идентификувате вашите стресни фактори, да научите нови техники за намалување на стресот, ви дава способност да го интегрирате новото знаење во вашиот секојдневен живот но и да ја вратите вашата ментална и емотивна  острина.🏆🎈

Згора на тоа, со техниките и методите кои ќе ги работиме за време на овој активен одмор ќе направите интроспекција на себе и своите постапки, со што ќе добиете увид во тоа како да го зголемите квалитетот на вашиот личен живот.

Healing Healthy Yoga активен одмор содржи во себе:

✓ 4 ДНЕВЕН РЕТРИТ (3 ноќевања со вклучено доручек и вечера)
✓ УТРИНСКИ И ВЕЧЕРНИ ЈОГА ВЕЖБИ ЗА ФИЗИЧКО И МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ
✓ ТИМСКИ АКТИВНОСТИ
✓РАЗБИРАЊЕ НА ТАЈНИТЕ НА УМОТ
✓ИНТРОСПЕКЦИЈА
✓ МЕДИТАЦИЈА
✓ ТЕХНИКИ ЗА ДИШЕЊЕ

✓ПЛАНИНАРЕЊЕ

СТРУКТУРА НА ПРОГРАМАТА

7.00-8.30: Јога вежби и техники за дишење
8.30-10.00: Доручек
10.00-16.00: Време за себе  и за планинарење (факултативна посета на водопадите во Дихово и бањање таму)

16.00-17.00: Попладневна сесија
17.00-18.30: Јога вежби и медитација
18.30.-20.00: Вечера
20.00- 22.00: Вечерна сесија

Место на одржување: Вила Бабин Заб – Нижеполе

https://www.facebook.com/VillaBabinZab/

Термин: 06.08.2020-09.08.2020 (3 ноќи)
Цена 5.900 мкд

Во цената се вклучени:

  • 3 ноќевања, (сместувањето е во двокреветни и/или трокреветни соби со сопствено купатило) Ако се исполни капацитетот на вила Бабин Заб имаме на располагање друга вила. Сместувањето е по принцип прв пријавен-прв услужен.
  • Храна е на база на шветска маса-полупансион (појадок и вечера). Храната се подготвува во ресторан и истата се дистрибуира во вилата. Во Вилата имаме на располагање чајна кујна со пристојни цени за дополнителни порачки.

Во цената не е вклучен превозот !

Плаќањето се врши на жиро сметка на “СУНА Хелти Лајф” жиро 300000000379694 во Комерцијална Банка