Од 1 Октомври започнуваме да вежбаме ЈОГА вежби за физичко и ментално здравје во нашето студио во населба Кисела Вода a во исто време ги продолжуваме и онлајн часовите, кои редовно веќе 6 месеци ги водиме преку Zoom.

Така да ако сте мотивирани да работите на полето на сопствениот ментален и физички напредок и да се ослободите од секојдневниот стрес, повелете на Healthy Yoga редовните часови за стекнување на вештини за физичко и ментално опуштање, преку практикување на лесни и средно тешки хата јога вежби и техники за дишење.

Вежбите се наменети за сите современи и динамични луѓе како но и за оние кои имаат акумулирано во себе напнатост или стрес а имаат потреба да се ослободат од истото. Целта на јога вежбите и техниките за дишење е да се врати рамнотежата во телото и умот , а тоа во овој момент тоа на сите ни треба!

Healthy YOGA “Јога вежби за физичко и ментално здравје”
Секој вторник и четврток 20.00-21.00
#воживо #прекузум #одДома и #воСтудио

#воСтудио

Согласно препораките за заштита од КОВИД-19 бројот на практиканите во студио е ограничен па пријавувањето е задолжително !

Локација : Арт Фит Студио, ул. Христо Татарчев 47/1 (во старите бели кули, 1 кула)

Месечна партиципација за вежбање во студио изнесува 1.100 мкд или 200 мкд/час

#одДома

Онлајн часовите ќе се изведуваат и понатаму преку апликацијата Zooм. Сѐ што треба да направите е да ја симните апликацијата на мобилен или компјутер, да најдете мирно место во вашиот дом и стабилен интернет и да кликнете линк 😉

Месечна партиципација за онлајн часовите изнесува 800 мкд

Уплатата може да ја извршите електронски на жиро сметка на здружението СУНА Хелти Лајф Скопје 300000000379694

кликни за повеќе информации