Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Активен одмор

Градење на доверба и потикнување на дијалог меѓу наставниците и учениците

  • 28 Ное, 2023
  • Com 0

Разбирање. Разлучување. Компромис. Разговор. Емпатија. Размена на искуства.

Ова се само неколку од зборовите кои беа тема на активен младински ретрит кој се одржа во Крушево од 24 до 26 Јануари 2024 година во присуство на наставници и деца од ООУ Круме Кепески и ООУ Кирил Пејчинович од општина Кисела Вода- Скопје.

Овој настан беше одлична можност да младите луѓе сами но и во соработка со наставниците заеднички соработуваат на теми толеранција и развивање на дијалог и работат на зголемување на свеста за  значењето на менталното здравје и благосостојбата.

Развојот на дијалог и доверба ја зајакнува улогата на младите во општеството

Вклучувањето на младите во дијалогот и решавање на проблемите предизвикани од булинг и врсничко насилство се повеќе е значајно во ова наше општество.  Младите дефинитивно се соочуваат со предизвици поврзани со модерниот начин на функционирање: премногу интернет, премалку вистинска и автентична комуникација, премалку сочуство, емпатија помеѓу врсниците, постоење на насилство во зборот, мислата и делото и др.

Иако најлесно е да се каже дека младите се виновни за своето однесување, сепак вистината има повеќе лица.

Според нашето искуство и исказите на учесниците  активниот младински ретрит навистина помогна значително да се подобри комуникацијата и разбирањето помеѓу учесниците:  ученици и наставници. Овој дво-дневен настан дефинитивно имаше позитивно влијание на добросостојбата, довербата и соработката на учесниците, како што тие сите заклучија во последниот ден од настанот.

 

Основните цели за органзирање на овој ретрит беа:

  1. Да изградиме доверба и да се зајакне дијалогот меѓу младите, но и помеѓу младите и наставниците.
  2. Да ја зголемиме свеста за проблемите поврзани со менталното здравје и да промовираме благосостојбата меѓу нив.
  3. Да им обезбедиме нови стратегии за успешно справување со врсничкото малтретирање и насилство.

 

Програмата на ретритот се состоеше од:

  1. Интерактивни сесии: Темите вклучуваа информации за врсничко насилство, комуникација во училиштата, решавање на конфликти и емпатија.
  2. Игри: Сценарија што ги работевме  ги одразуваа вистинските животни ситуации  со цел да им помогнат на учениците да ги разберат различните перспективи.
  3. Групни Дискусии: Дискусиите беа модерирани од тренерот Зоран Стојковски, кои овозможуваше безбедност при личното споделување.
  4. Игри за Градење Тим: Имавме активности со кој се потикнуваше доверба и соработка помеѓу наставниците и учениците.
  5. Креативни игри: Учесниците своите размислувања ги споделуваа на билборд.
  6. Менторски пристап: Под водство на тренерот се изработија 2 акциски планови за превенција на малтретирањето

Директна придобивка од овпој ретрит е подобрување на комуникацијата и односите меѓу учесниците, и учениците и наставниците.

Како што тие сите рекоа, ова беше прв пат наставниците и децата да бидат еднакви и да работат заедно на толку значаен проблем.

Активниот младински ретрит во Крушево претставува иновативен чекор кон решавањето на предизвиците со кои се соочуваат младите во дигиталната ера. Преку оваа стратешкка соработка, ретритот прави чекор напред кон изградбата на посочувствителна, разбирлива и комуникативна заедница меѓу младите луѓе и наставниците.

Проектот #HealthyME “Здрав ЈАС” е наменет за поддршка и подобрување на менталната благосостојба кај младите, и е поддржан од Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ (МГО), програма за директна поддршка на граѓанските организации започната во рамките на проектот финансиран од ЕУ: Tехничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија.

Посветени сме 100 % на младите и  подобрување на нивното ментално здравје и благосостојба!

#HealthyME #YouthWellbeingmatters #stopbulling #Heal #HealME #euforyou #EUforYou #euforyouth #CRM0025

Тагови:
#awarness#biljanapeseva#hathayoga#healingconversations#healthylifeskills#krushevo#mentalhealtawarness#mentalhealth#onlinepersonaldevelopment#personaldevelopment#trainingbiljanapeshevacooperationmental healthtoleranceYOUTHyoutmatters
Споделете на:
Препознавање и справување со врсничко насилство
Откриј се себе си преку психолошкиот тест “КОЦКА”

Последни постови

Thumb
Клуб „Патот на Душата“: Простор каде се
22 Мај, 2025
Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (167)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се