Вежбајте Хелти Хата јога вежби наменети за ментално, емотивно и физичко здравје и опуштање со Билјана Пешева
Октомври, Ноември, Декември 2023
#HealthyME – ONLINE
Вторник и четврток од 19.30 – 20.30 час – ОНЛАЈН час
Два термина неделно вкупно 120 часа
Месечно членство за онлајн часови 1.000 мкд
#HealthyMe – во Кисела Вода, кули Расадник
Понеделник и среда од 21.00-22,00 час
Вторник и четврток од 21.00-22,00 час
Два термина неделно вкупно 120 часа
Месечно членство за часови во студио Арт Фит 1.500 мкд
—————————————
Уплатата за онлајн часовите може да се изврши преку оваа страна
или електронски на жиро сметка на СУНА ХЕЛТИ ЛАЈФ СКОПЈЕ депонент на Комерцијална Банка жиро 300000000379694.
По уплатата пишете на маил healthyyogaskopje@gmail.com или вибер 070234740 за да ве додадам во соодветната група, и добиете ZOOM линк за сесиите
Вежбаме и другаруваме преку платформата Zoom
——————————————-
Онлајн часовите се снимаат а снимките се достапни во затворена група, за да ги вежбате кога сакате!
——————————————-
Теоретски може да кажете дека ја познавате важноста на јога вежбите и медитацијата но вистински за да го подобрите квалитетот на својот живот потребна е редовна практика.
Јога вежбите и медитацијата се еден од начините преку кој можете да го подобрите контактот со себе и со луѓето во вашата околина.
На јога часовите ќе вежбате лесни и средно тешки хата јога вежби, ќе учите техники за дишење и ќе медитирате за да добиете подобро ментално и емотивно здравје.
Со редовно практикување јога вашето тело ќе добие на флексибилност и издржливост а вашите муслулите ефикасно ќе се активираат. При вежбањето, вашите мускули и тетиви имаат доволно време да се истегнат а кога тетивите еднаш ќе се истегнат, тие остануваат во таа положба и овозможуваат еластичност на целото ваше тело. Ако вежбате редовно јога и вашите зглобови ќе станат и останат подвижни.