logo

Викенд енергетско исцелување во природа: Tехниките на Филис Кристал и Семејни Консталации

Современиот начин на живеење во себе вклучува многу стрес, напнатост и немање доволно време за себе-за да ги процесирате емотивно и ментално работите кои што ви се случуваат на личен и професионален план. Поради тоа често пати денешниот човек се соочува со низа здраствени проблеми кои влијаат на физички, емотивен и ментален план. Ако на тоа ги додадете траумите добиени во детството: тага, губиток на родител или партнер, чувство на грижа на совест, заглавеност во животот, самотија, депресија или анкциозност, надворешно навистина може да ви изгледа како да не постојат можности да ја смените и вратите вербата, визијата и промената во Вашиот живот.

Е, па драги пријатели дојде време за таа промена!

Ако чувствувте дека работите во вашиот живот не се движат во права насока, врзани сте за минатото, за улогата во која живеете, ако сакате да креирате нова визија за себе и својот живот, време е да се приклучите на овој УНИКАТЕН викенд семинар.

Овој викенд, Вие ќе дојдете во контакт со себе, со својата свесност, со своето здравје: емотивно, ментално и физичко, ќе се ослободите од старите трауми и несвесните одлуки и ќе ги поставите коцките на вашиот живот на свое место. Покрај тоа вие ќе се ослободите од внатрешните ограничувања, ќе го разбудите вашиот внатрешен свет, вредности и ќе стекнете нова група на пријатели. И сето тоа ќе го правиме во природа, на отворено, во целосно урбанизиран простор, (со можност за спиење, и останување цел викенд).

Зошто викенд во Соње ?

Станува збор за сосема различен концепт за личен раст и развој, кој во себе ги интегрира и психолошкиот и духовниот дел кој секој еден од нас го носи во себе.

Овој пат за прв пат во природа цел ден интензивно ќе работиме, комуницираме, споделувме два метода и тоа

  1. Лична работа на себе со помош на техниките на психологот Филис Кристал, (сабота 15 Јуни) и
  2. Семејни консталации – Техника на Берт Хелингер (недела 16 Јуни)

“Најважната работа која ја имам увидено е дека љубовта се наоѓа позади сите акции и дела на секое човечко битие. Колку и да звучи тоа чудно, таа се крие позади сите психолошки симптоми. Тоа значи дека во терапија од клучно значење е да се пронајде љубовта на клиентот. Кога ќе ја најдете таа точка, вие сте ја пронашле сржта на секој проблем и почетокот на патот на негово разрешување. Запамтете, разрешувањето секој пат има некаква врска со љубовта.”  Берт Хелингер ( 1998)

Филис Кристал за безусловна љубов: „Многу малку луѓе се способни да ги прифатат другите луѓе онакви какви што се, но ние обично бараме од луѓето да бидат такви какви што сакаме да бидат.Никогаш не можеме да бидеме онакви какви што другите очекуваат да бидеме, можеме само да бидеме тоа што сме. Тој вид на внатрешна безусловна љубов е љубов без очекувања и без никакви врски и приврзоци. Ние имаме право на таква љубов, со самото наше раѓање. Не треба да го заработиме или заслужуваме, само треба да побараме од Вишата Свест да ни го даде, бидејќи тоа е нешто што не можеме да го добиеме од другите луѓе. Само таа љубов ќе го задоволи нашиот внатрешен глад“.

Зошто толку често имаме тешкотии со нашата мајка и татко, партнерот или животот? Понекогаш ги обвинуваме, дури и за некои безначајни работи, или сакаме да бидат поинакви. Во извесна смисла, кога имаме такви желби, посакуваме нашиот живот да биде поинаков. И отфрлајќи ги нашите избори на еден или друг начин, ние го отфрламе нашиот живот како таков; сакаме нашиот живот да биде поинаков, да биде на некој начин полесен и на тој начин престануваме да бидеме во склад со длабоките сили кои го одржуваат животот.

Ниту еден живот не е лесен. Нема лесни животи; Лесниот живот завршува многу брзо. Оние кои живеат лесен живот или сакаат да живеат лесен живот се отсечени од основното движење на енергијата што се манифестира преку животот.

Овој викенд ќе биде посветен на ЖИВОТОТ, односно на едно практично ниво ќе работиме со главните ликови од вашиот живот, учејќи како да се одврзете енергетски и како да ги ставите коцките на вашиот живот да бидат на вистинското место.

Пријавете се на овој викенд семинар каде за прв пат ќе имате можност да учествувате на уникатен простап, кој опфаќа длабоко подобрување на вашата лична психолошка, емотивна и духовна подршка.

Со учеството на овој семинар

  • Ќе се ослободите од емотивните врски кои ги чувствувате кон луѓето од вашиот живот
  • Ќе се ослободите од минатото кое ве врзува
  • Ќе стапите во контакат со вашата повисока свесност
  • Ќе доживеете ментална јаснотија и визија за себе
  • Ќе доживеете внатрешен баланс
  • Ќе се исполните со нова свежа енергија и прана
  • Ќе запознаете нови луѓе со слични гледишта
  • Ќе размените не само зборови туку енергија подршка и разбирање
  • Ќе доживеете чувство на припадност и блискост
  • Ќе изградите автентична релација со вас самите
  • Ќе добиете нова перспектива за вашиот живот
  • Ќе работите преку алатките на Филис Кристал
  • Ќе ја искусите длабоката техника на Берт Хелингер “Семејни консталации”
  • Ќе доживеете сеопфатно – холистичко интегрирање на вашиот ум емоции и душа

 

ИНФОРМАЦИИ ЗА НАСТАНОТ

15 и 16 Јуни (сабота и недела)

  • Семинарот ќе се одржува до 10.00 наутро до 19.00 навечер
  • Работа во природа во целосно урбанизиран дел во долно Соње
  • Работа со техниките на на психологот Филис Кристал
  • Работа со техниката на Берт Хелингер Семејни консталации
  • Можност да останете за спиење во Соње (бројот е ограничен и задолжителни е пријавување за ова) !

 

ЦЕНА

  • ЦЕНА ЗА УЧЕСТВО ЗА ЦЕЛ ВИКЕНД ИЗНЕСУВА 70 евра (4.300 мкд)
  • ЦЕНА ЗА УЧЕСТВО НА ЕДЕН ДЕН ИЗНЕСУВА 50 евра (3,100 мкд)
  • ЦЕНА ЗА УЧЕСТВО СО СПИЕЊЕ ИЗНЕСУВА 85 евра (5.200 мкд)

Резервација на вашето место се врши со пријава на вибер 070234740

Уплата на жиро сметка на СУНА ХЕЛТИ ЛАЈФ СКОПЈЕ депонент на Комерцијална Банка 300000000379694

Сите други детали ќе ви ги испратам по вашето пријавување!

Љубов и светлина

Билјана Пешева

 

Layer 1