Доколку сте мотивирани да работите на полето на сопствениот ментален и физички напредок и да се ослободите од секојдневниот стрес, повелете на УТРИНСКИТЕ Хата Јога часови и стекнете вештини за физичко и ментално опуштање, преку практикување на јога вежби и техники за дишење.
Вежбите се наменети за сите современи и динамични луѓе како и за оние кои имаат акумулирано во себе напнатост или стрес и имаат потреба да се ослободат од истото.
Целта на Утринските Јога ритуали во месец Јуни е да се започне денот со чувство на внатрешна рамнотежата и енергија во телото и умот.
Вежбаме и другаруваме преку платформата Zoom, секој работен ден од 6,45 до 7,10
Часовите се снимаат а снимките се достапни за учесниците во затворена група, за да ги вежбате кога сакате!
Понудата за Утрински Јога ритуали важи за месец ЈУНИ и тоа
Месечна партиципација за 5 часа неделно изнесува 1.100 мкд
Понеделник, Вторник, Среда,Четврток, Петок од 6.45 до 7,10 наутро – ОНЛАЈН
Почнуваме на 3 Јуни 2024 (понеделник)
Теоретски може да кажете дека ја познавате важноста на јога вежбите и медитацијата но вистински за да го подобрите квалитетот на својот живот потребна е редовна практика.
Јога вежбите и медитацијата се еден од начините преку кој можете да го подобрите контактот со себе и со луѓето во вашата околина.
На јога часовите ќе вежбате лесни и средно тешки хата јога вежби, ќе учите техники за дишење и ќе медитирате за да добиете подобро ментално и емотивно здравје.
Со редовно практикување јога вашето тело ќе добие на флексибилност и издржливост а вашите муслулите ефикасно ќе се активираат. При вежбањето, вашите мускули и тетиви имаат доволно време да се истегнат а кога тетивите еднаш ќе се истегнат, тие остануваат во таа положба и овозможуваат еластичност на целото ваше тело. Ако вежбате редовно јога и вашите зглобови ќе станат и останат подвижни.
По уплатата ќе добиете е-маил со инструкции, лозинка и линк за да започнете со часовите.