Моментално празен: 0ден
Aко чувствувте дека работите во вашиот живот не се движат во права насока, врзани сте за минатото, за улогата во која живеете, ако сакате да создадете простор за себе и својата визија, приклучете се на целодневниот настан ќе се одржи на 3 Ноември ( недела) 2024
Често се прашуваме зошто толку често имаме тешкотии и посакуваме нашиот живот да биде поинаков, да биде на некој начин полесен? Можеби родители или некој поранешен партнер за тоа е крив? Но, знаете ли дека не постои лесен живот. Оние кои живеат лесен живот или сакаат да живеат лесен живот се отсечени од основното движење на енергијата на љубовта кое пак се манифестира во животот. Сепак, можеме да го надминеме ова, на различни начини; еден од нив е на многу практично ниво и се вика Семејни Костелации.
3 Ноември , со почеток во 10.00 – 19.00 час
Станува збор за сосема различен концепт за личен раст и развој, кој во себе ги интегрира и психолошкиот и духовниот дел кој секој еден од нас го носи во себе каде во природа цел ден интензивно ќе работиме, комуницираме, преку овие два метода:
- Одврзување од врските -техника на психологот Филис Кристал и
- Семејни консталации – Техника на психологот Берт Хелингер
Исто така ќе го посветиме на главните ликови од вашиот живот, учејќи како да се одврзете енергетски и како да ги ставите коцките на вашиот живот на вистинското место.
Со учеството на овој семинар
- Ќе се ослободите од емотивните врски кои ги чувствувате кон луѓето од вашиот живот
- Ќе се ослободите од минатото кое ве врзува
- Ќе стапите во контакат со вашата повисока свесност
- Ќе доживеете ментална јаснотија и визија за себе
- Ќе доживеете внатрешен баланс
- Ќе се исполните со нова свежа енергија и прана
- Ќе запознаете нови луѓе со слични гледишта
- Ќе доживеете чувство на припадност и блискост
- Ќе изградите автентична релација со вас самите
- Ќе добиете нова перспектива за вашиот живот
- Ќе работите преку алатките на Филис Кристал
- Ќе ја искусите глабоката техника на Берт Хелингер “Семејни консталации”
- Ќе доживеете сеопфатно – холистичко интегрирање на вашиот ум емоции и душа
Посветете го овој голем ден и ослободете се од минатотото. .
ИНФОРМАЦИИ ЗА НАСТАНОТ
3 Ноември (недела ) 2024 од 10.00 -19.00
Место на одржување по пријава (ќе бидеме во центар на Скопје)
ЦЕНА ЗА УЧЕСТВО изнесува 50 евра (3,200 мкд)
Резервација на вашето место се врши со пријава на вибер 070234740
Уплата на жиро сметка на СУНА ХЕЛТИ ЛАЈФ СКОПЈЕ депонент на Комерцијална Банка 300000000379694
Сите други детали ќе ви ги испратам по вашето пријавување!
Љубов и светлина
Билјана Пешева
www.healthylifeskills.mk
————————————————————
За водителот на овој семинар: Билјана Пешева
Тренер, јога инструктор, wellness coach
Билјана Пешева е национално квалификуван обучувач за возрасни според законот за образование во Република Македонија, проучувач на психолошкиот правец трансакциска анализа со поминато едукација во земјата и странство со повеќе од 600 работни часа, тренер за подобрување на интелектуалните и интерпесонални вештини кај индивидуалците и организациите, духовен практикант и трагач, хата јога инструктор и тренер за сеопфатна лична благосостојба.
Билјана е основач на брендот Healthy Life Skills & Healthy Yoga каде држи семинари, ретрити, активни одмори, обуки и часови за намалување на стресот и напнатоста кај модерниот човек употребувајќи сеопфатен (холистички) пристап во работата со индивидуалците и групите.
Автор и креатор на програмите: “Свесно здравје”, “Создади нова слика за себе”, ”Движи се со леснотија”, “Научи како да ја зголемиш својата самодоверба”, “Ослободување од потиснати емоции”, “Циклус спиритуални работилници”, “Mентално и емотивно исцелување”,“Научи како да постигнеш своја цел” и редовно води предизвици за ментално и емотивно созревање и трансформирање на социјалните мрежи.
Тргнувајќи од нејзината ментална и емотивна чистота и јаснотија таа е целосно насочена кон помаѓање и подршка на сите оние кои се чувствуваат заглавени во животот и им е потребно потик и подршка за да направат своја лична трансформација.
Билјана има поминато сертифицирана обука “Holistic health and wellness couch” со што има стекнато знаење за холистички (сеопфатен) пристап кон личноста како “Тренер за сеопфатна лична благосостојба”.
Билјана повеќе од 30 години е практикант и проучувач на класична јога, медитација и техники за дишење, според учењата на Бихарската школа од Индија, Сатја Саи Организацијата и Уметност на Живеење. Таа била дел од неколку големи духовни организации во земјата каде водела проекти, задачи, хуманитарни настани со цел имплементација на човековите вредности во пракса.
Во моментот води обуки, тренинзи, ретрити, кампови и семинари за развој на интелектуални и интерпесонални вештини за индивидуалци и вработени во јавни и приватни организации, обуки за подготовки на проекти, проектни методологии и програми за поддршка на граѓанскиот и државниот сектор употребувајќи сеопфатен (холистички) пристап во работата со индивидуалците и групите.
Веб страна www.healthylifeskills.mk