Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK

Работилница: Љубов без граници – Како да изберете партнер со срце и ум

Home » Events » Работилница: Љубов без граници – Како да изберете партнер со срце и ум
Breadcrumb Abstract Shape
Breadcrumb Abstract Shape
Breadcrumb Abstract Shape

Љубов и избор на партнери преку Системско Скулптурирање и Семејни Констелации

Психата, латинскиот збор за душа, е центарот на човековата благосостојба. Како што се развива нашата свест за себе и за другите, така се обликуваат и нашите односи. Одговорите на прашањата за љубовта и изборот на партнер лежат во нашите длабоки внатрешни структури и динамики. Токму за оваа тема, организираме искуствена работилница која ќе ве поведе на лично патување низ овие два уникатни метода: Системското скулптурирање според Вирџинија Сатир и Семејните констелации на Берт Хелингер.

Разликите и сличностите на методите

Методот на Вирџинија Сатир, познат како системско скулптурирање, се фокусира на физичко позиционирање на улогите во релациите. Овој метод преку визуелизација ја прикажува динамиката и интеракциите меѓу личностите, во нашиот случај партнерските реалции. Скулптурирањето нуди увид во улогите што ги преземаме и начините на кои тие влијаат врз нашите врски.

Од друга страна, Берт Хелингер преку неговите семејни констелации создава простор за истражување на несвесните обрасци  во избор на партнер и „лојалноста“ во семејниот систем. Овој метод се користи за да ги ослободи енергетските блокади, емоционалните лојалности и наследените обрасци кои влијаат на врз нашиот избор на партнери и љубовните односи.

Иако двата метода имаат различни пристапи, и двата се насочени кон ослободување на блокадите и градење на здрави и освестени врскии.

Теми на работилницата:

  • Принципи на семејното скулптурирање: Преку визуелизација и физичко позиционирање ќе се истражува семејната динамика и влијанието врз изборот на партнер.
  • Практични вежби за улоги и емоционални врски: Како внатрешните делови и его-состојбите влијаат на нашите надворешни односи.
  • Истражување на обрасците: Кои се грешките што ги повторуваме и како да ги надминеме.
  • Групна дискусија: Споделување на впечатоци и нови сознанија за љубовта и изборот на партнер.

Работилницата ќе се одржи на 22 февруари 2025 година, со почеток во 12 часот, во новоотворениот простор „Психофокус – Советувалиште за психотерапија и советување“ во Скопје. Цена: 3.000 мкд .Уплата  на жиро сметка на СУНА Хелти Лајф Скопје жиро 300000000379694 со назнака “Љубов” и име презиме на учесник .

Работилницата ја водат Билјана Пешева и Анета Начевска, професионалци во својата област, долгогодишни пријателки, со заедничка визија за интеграција на психологијата и спиритуалноста во работа со луѓе.

Билјана Пешева е автор, тренер, јога инструктор и wellness coach со повеќе од 30 години искуство во областа на менталното и емотивното здравје, личниот развој и холистичките практики. Национално квалификуван обучувач за возрасни, сертифициран тренер за меки вештини и терапевт во семејни констелации, Билјана ја комбинира својата експертиза во современи и древни техники за намалување на стресот, емоционално исцелување и постигнување животна хармонија.

Анета Начевска е Специјалист по Медицинска Психологија, Системски Семеен Терапевт, Национално квалификуван обучувач за возрасни и терапевт во семејни констелации, со работно искуство во психотерапија повеќе од 20 години

Ова е можност за сите кои сакаат да работат на себе, своето осознавање и своите односи со партнерите да дојдат и да го искусат истото.

Пријава на вибер 070234740 или на маил healthyyogaskopje@gmail.com

 

 

Информации за настанот

  • Цена:3,000.00 ден
  • Вкупно слот:15
  • Резервиран слот:0
Резервирај сега

Овој настан истече

shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се