Пролетно Будење – Три дневен предизвик
Инспирирана од мојата досегашна работа и со голема желба да им помогнам на сите оние што имаат потреба да се ослободат од стресот, стравот и немирот- емоции коишто се дел од нас, го објавувам тридневниот ПРОЛЕТЕН БЕСПЛАТЕН предизвик, кој ќе тече онлајн и во живо, со цел да ја РАЗБУДИМЕ И РАСЦУТИМЕ МАГИЈАТА ВО НАС.
Преку овој предизвик ќе добиете шанса да се поврзете со себе и својата магија:
- Ќе го доживеете своето тело.
- Ќе ги доживеете своите емоции.
- Ќе се ослободите од своите емотивни и ментални блокади.
- Ќе искусите медитација.
- Со мое водство ќе се истегнеме
- Ќе се доживеете ПОЗИТИВНО И МАГИЧНО
Сесиите кои ќе се одвиваат на 7 и 8 Април (петок и сабота) ќе бидат онлајн од 20 до 21 час додека сесијата во недела на 9 Април ќе тече хибридно значи дел ќе биде онлајн, дел во живо во с.д.Соње. Ако живеете во близина на Скопје подгответе се да учествувате на целодневното пролетно будење во природа, додека останатите учесници ќе можат да го следат настанот онлајн!
Да ја создадеме магијата во нашите животи!
Пријавете се на овој ЛИНК и добијте ПОКЛОН со пријавата едно часовна снимена сесија Јога Нидра!
чекајте на е-маил известување за сесиите во живо и линк за онлајн сесиите
Љубов и светлина за сите
Биби Пешева