Пет дневен предизвик – Зголеми ја свесноста за своето ментално и емотивно здравје
Драги мои
Со цел зајакнување на свесноста за важноста на менталното и емотивното здравје, Ве поканувам од 24 до 28 Февруари да се приклучите на бесплатниот ОНЛАЈН предизвик кој ќе го водама преку платформата Zoom.
Од рана возраст почнав да се интересирам и практикувам техники за осознавање на мислите и смирување на умот. Од 2013 година водам јога часови, медитации и тренинзи за подобрување на личното, емотивно и ментално здравје, имам држено и се уште држам, обуки и тим билдинзи за подобрување на комуникацијата и релациите во тимови. Од сите овие години работа со себе, со иднивидуалци и групи или фирми, силно верувам дека медитацијата има моќ да го излечи болка или траума, да ослободи стрес, и најважно да наполни со нова енергија или живот! Преку медитацијата личноста на еден нежен и внимателен начин влегува во својот (заборавен подрум) на потсвест каде добива можност да ги открие, расплете и осознае, нај длабоките и нај величенствените содржини и тајни кои постојат во него.
Медитацијата помага да таа задача ја направите внимателно, со љубов, прифаќајки се и интегрирајќи се себе и својата свест, во Едно.
Овој предизвик е наменет за искусување на моќта на медитацијата за да може да водите среќен и исполнет живот.
Предизвикот е наменет за сите оние кои сакаат да работат на себе и да го пдообрат своето лични и емотивно здравје!
Силата и големината на несвесното, најверојатно најдобро ја сумира Др. Ерик Берн (1957) таткото на трансакциска анализа, кој вели дека нашата потсвест не е само „мртов“ подрум, каде оставаш стари прашливи книги и тие не се мрднуваат се додека, не дојде мигот да ги отвориш. Не! Нашата потсвест е како да чуваш јато зајаци. Овие ‘зајаци’ се хранат од нашите потиснати и скриени чувства и мисли, се размножуваат и стануваат се помоќни и помоќни, и ако не се ослободат, можат целосно да го преплават подрумот (или нашиот Ум).
Па ајде да го исчистиме нашиот УМ со моќта на медитацијата!
Пријавете се со време на следниот ЛИНК , местата се ограничени!
Се гледаме на предизвикот !
Љубов и светлина❤️
Биби Пешева
ПС. Пријави се и учествувај на пет дневниот предизвик, остави го својот маил и ќе добиеш известување.
24-28 Февруари 2023, 20.00 час , секоја вечер, еден час само за Вас!