Моментално празен: 0ден
Секоја пролет во мене се буди желбата да започнам со моето најдраго кратко утринско патување – утринските јога ритуали.
Зошто баш јога наутро?
Наутро телото полека почнува да се буди и раздвижува, па баш во тие (први) 20 минути, што обично ги губиме во “влечкање” предлагам да го истегниме секој дел од нас – и тоа не само физички, туку и емотивно и ментално. На овие утрински јога часови ќе практикуваме лесни и средно тешки јога вежби, техники на дишење, вежби за фокус и концентрација и кратки водени медитации, со што секој ден ќе ни биде вистинска авантура и комбинација од овие техники. И да, ќе има афирмации и позитивни мисли за убав работен ден!
Наутро сме “најпразни” и не само затоа што сме уште нерасонети, туку и поради тоа што умот сè уште не е затрупан со обврски и брзање. Со овие часови вие ќе успеете да внесете мир и свесност во првите минути од денот, и тој мир ќе остане во вас, како невидлива сила на која може да се потпрете во текот на целиот ден.
За кого се овие утрински часови?
- За оние кои трчаат по автобус.
- За оние кои умот им работи цела вечер и размислуваат 100 на саат
- За оние кои сакаат да направат рамнотежа меѓу обврските и грижата за себе
Всушност овие јога ритуали се за сите нас, што живееме во динамично време. Јога наутро не е само вежбање – тоа е застанување во центарот и од таму тргнување во денот. Тоа е моментот кога велиме: „Јас сум тука. Јас се избрав себеси.“
Зошто онлајн и од дома?
Вежбањето од дома ни подарува нешто што денес ретко го добиваме – време и простор за себе.
Нема гужва, нема брзање и паркирање, нема изговори. Само отворен лаптоп, јога мат и добро расположение
Важно за вас е просторијата каде што ќе вежбате да ја проветрите. И, ако можете, избегнувајте да вежбате во просторот каде што спиете – телото чувствува сè, дури и енергијата на просторот.
А ако не успеете да бидете во живо?
Секој час се снима и добивате линк. Така, можете да го направите јога ритуалот и подоцна – во моментот што најмногу ви одговара.
Значи секој работен ден, од 6:45 до 7:10 часот, онлајн преку Zoom
Како да се приклучиш?
📍 Онлајн преку Zoom – пријави се преку www.healthylifeskills.mk
📅 Секој работен ден
🕓 6:45 – 7:10 часот
💰 Цена: 1500 мкд за месец
🔗 Регистрирај се овде: www.healthylifeskills.mk
Јас сум Билјана Пешева и со срце ве поканувам да бидете дел од овој пролетен ритуал и моите часови не се за да постигнете совршеноство во вашата пракса, туку да научите да се поврзете со себе, со здивот и со животот.
Да го почувстваме секој здив, да ја разбудиме секоја клетка и да го видиме денот низ поинакви очи.
Започни го утрото со мене и со група прекрасни битија. .
Се гледаме на јога мат 💛
Љубов и светлина
Биби Пешева