ОНЛАЈН Хата јога вежби наменети за ментално, емотивно и физичко здравје и опуштање
Вежбајте ОНЛАЈН Хата јога вежби наменети за ментално, емотивно и физичко здравје и опуштање со Билјана Пешева
#HealthyME #Вечерни ритуали #сезона 2024/2025 #ONLINE #СТАРТ 1 Октомври
вторник и четврток 19.30 до 20.30
Доколку сте мотивирани да работите на полето на сопствениот ментален и физички напредок и да се ослободите од секојдневниот стрес, повелете на Хата Јога часови со Хелти Јога и стекнете вештини за физичко и ментално опуштање, преку практикување на јога вежби и техники за дишење.
Вежбите се наменети за сите современи и динамични луѓе како и за оние кои имаат акумулирано во себе напнатост или стрес и имаат потреба да се ослободат од истото.
Целта на Хелти Јога вежбите е да добиете чувство на внатрешна рамнотежата и енергија во телото и умот.
Вежбаме и другаруваме преку платформата Zoom, вторник и четврток 19.30 до 20.30
Часовите се снимаат а снимките се достапни за учесниците во затворена група, за да ги вежбате кога сакате!
Месечна партиципација изнесува 1.100 мкд
Почнуваме на 1 Октомври 2024
Теоретски може да кажете дека ја познавате важноста на јога вежбите и медитацијата но вистински за да го подобрите квалитетот на својот живот потребна е редовна практика.
Јога вежбите и медитацијата се еден од начините преку кој можете да го подобрите контактот со себе и со луѓето во вашата околина.
На јога часовите ќе вежбате лесни и средно тешки хата јога вежби, ќе учите техники за дишење и ќе медитирате за да добиете подобро ментално и емотивно здравје.
Со редовно практикување јога вашето тело ќе добие на флексибилност и издржливост а вашите муслулите ефикасно ќе се активираат. При вежбањето, вашите мускули и тетиви имаат доволно време да се истегнат а кога тетивите еднаш ќе се истегнат, тие остануваат во таа положба и овозможуваат еластичност на целото ваше тело. Ако вежбате редовно јога и вашите зглобови ќе станат и останат подвижни.
По уплатата ќе добиете е-маил со инструкции, лозинка и линк за да започнете со часовите.
Уплата на жиро сметката на СУНА ХЕЛТИ ЛАЈФ СКОПЈЕ депонент на Комерцијална Банка жиро 300000000379694