Моментално празен: 0ден
📍 Локација: Битола | Младински Културен Центар – МКЦ
📅 Датум:
• 25 април | 19:00 часот – Промоција на книга + работилница
• 26 април | 10:00 часот – Семејни Констелации со шамански пристап
🔹 Билјана Пешева е водител на овој настан. Таа е автор, јога инструктор за Хелти Јога, веленс коуч, ментор, терапевт за семејни констелации, која преку своите програми, обуки и индивидуални сесии веќе со години помага на луѓето да се поврзат со сопствената вистина, да ги ослободат потиснатите емоции и да креираат живот со повеќе хармонија и свесност. Нејзината работа се базира на интеграција на психотерапевтски техники, духовен развој и телесна свесност. Таа со својата работа инспирира и поддржува луѓе да се поврзат со себе, да ги ослободат потиснатите емоции и да живеат поавтентично и слободно.
✨ Промоција на книгата „Водич за ослободување од тага“ и разговор на тема „Ослободување од потиснати емоции“
📆 25 април | 19:00 часот
🆓 Влез слободен – пријавете се тука https://forms.gle/rydzeDmHCcidZCD99
📍 Локација: Битола | Младински Културен Центар – МКЦ
Придружете ни се на вечер посветена на личното исцелување, поврзување со себе и инспирација. Промоцијата на книгата ќе биде проследена со интерактивна работилница за ослободување од потиснати емоции, каде ќе добиете увид и практични алатки за работа со вашите емоции.
“Водич за ослободување од тага – Холистички алатки за враќање на животната хармонија” е првото авторско дело на Билјана Пешева, кое претставува длабок и нежен придружник за сите кои минуваат низ загуба, тага или емоционална болка. Книгата нуди холистички пристап – медитации, телесни практики, енергетски вежби и животни мудрости – насочени кон враќање на внатрешниот мир, повторно поврзување со себе и трансформација на болката во лична сила.
🌿 Семејни Констелации со шамански пристап
📍 Локација: Битола | Младински Културен Центар – МКЦ
📆 26 април | 10:00 часот
💳 влез со партиципација-за учество пополнете ја формата на следниот линк:
👉 https://forms.gle/rydzeDmHCcidZCD99
Семејните констелации се длабоко трансформирачка метода за личен развој која овозможува откривање и ослободување од несвесни семејни и животни обрасци. Често пати носиме емоции, тие доаѓаат од претците, родители или трауматични настани од минатото,таги и тежини што не се наши – тие се дел од нашето семејно поле, пренесени преку генерации. Преку оваа работа на себе ќе добиете можност да ги видите тие динамики и да работите со нив на длабоко, енергетско и емотивно ниво. Констелациите создаваат простор каде овие динамики стануваат видливи, а преку признание, прифаќање и внатрешна промена, доаѓа до ослободување и длабока лична трансформација. Овој метод го збогатувам со шамански техники кои ја внесуваат работата со енергии, симболиката, природата и внатрешната мудрост во вашето поле. Шаманскиот пристап овозможува да се поврзат вашата душа со интуитивната себе-трансформација.
📩 Контакт за информации: healthyyogaskopje@gmail.com
💫 Повелете дојдете ќе се запознаеме