Од рана возраст почнав да се интересирам и практикувам техники за осознавање на мислите и смирување на умот. Од 2013 година водам јога часови, медитации и тренинзи за подобрување на личното, емотивно и ментално здравје, имам држено и се уште држам, обуки и тим билдинзи за подобрување на комуникацијата и релациите. И од сите овие години работа со себе, со индивидуалци, групи или фирми, навистина СИЛНО ВЕРУВАМ дека медитацијата има моќ да го излечи болка, траума, да ослободи стрес, и најважно да наполни со нова енергија или живот!
Со техниката на психологот Филис Кристал се сретнав во 1996 година, кога одев на напредна едукација за трансакциска анализа (тоа е правец во психотерапија која се занимава со комуникацијата меѓу луѓето, чиј основач е Др. Ерик Берн). Психологот кој беше до Хрватска не водеше низ сите симболи и медитации. Се уште живо се сеќавам на искуствотвата тој магичен викенд, како и силните импресии и одлуки кои ги донесов тогаш. Всушност во тој период во животот се двоумев дали да тргнам по патот на психологијата или по патот на духовноста, тогаш тие два пата ми изгледаа не поврзани, контрадикторни и спротивни еден на друг. Техниката на Филис Кристал ми покажа дека нема не поврзани работи, сé е поврзано и сé има значење. Така почна моето патување! Многу сум среќна што покасно во 2001 година имав прилика и во живо да одам на семинарот на Филис кој се одржа во Скопје. Таа почина во 2016 година на 103 годишна возраст.
Техниката на Филис Кристал ја водам повеќе од 10 години, на почетокот како работилници со еден симбол, во Скопје и низ други градови во Македонија. Работилниците беа навистина посетени и на нив имав повеќе од 300 учесници, но времето на работа беше кратко за да се постигне поголем напредок. Но, техниката е успешна, бидејќи, имам сретнато учесници, кои биле на тие работилници, доживеале силни импресии, и се вратиле неколку години покасно за да ја “доработат” својата тема.
Последните 3 години ја работам оваа техниката како 6 неделен курс кој го правам два пати годишно и веќе го имаат поминато повеќе до 80 лица. Прочитајте ги искуствата од учесниците на моите страни.
Со помош на алатките на психологот Филис Кристал и сеопфатниот – холистички пристап кој го применувам во мојата работа со групи, Ви ветувам дека ќе се ослободите од старите потиснати емоции и ќе може да започнете живот полн со нова енергија и визија за иднина.
Ве уверувам дека она што ќе го добиете на курсот “Ослободување до потиснати емоции”, за Вас, исто како и за мене, ќе биде уникатно и единствено искуство.
Не се двоумете, приклучете се на ова ново патување кон себе!
Љубов и светлина
Билјана Пешева ❤️
Кликнете на копчето РЕГИСТРИРАЈ СЕ и дознајте повеќе
Искуства од учесници на овој курс:
“Прекрасно е чувството да се помине ваков курс, во живо, покрај прекрасните ливади и луѓе а при тоа да се учи и искусува, па затоа го одбрав овој програм по методот на Филис Кристал кој Билјана Пешева го понуди. Убавината на овие сесии беше што можев да се отворам покрај неа и учесниците, а да при тоа никој не почуствува ни најмала осуда ниту непријатност. Таа беше толку трпелива со сите и истовремено посветена на целта. Времето што го поминав на овој курс работев на свесно и потсвесно ниво заедно со група позитивни луѓе, кои споделуваа и радост и тага со мене, и навистина внатрешно ме прочисти и ослободи од голема тежина која што ја имав во мене. Заедно со Билјана Пешева, се течеше лесно, пријатно и едноставно. Од овој курс си заминав со голема насмевка, исполнета со љубов и внатрешна сила, ослободена од минатото и негативните емоции. Ели Дамјаноска, Скопје”
“Кога го негуваш во себе сонцето не го забележуваш дождот околу тебе! Топло е во срцето кога си во друштво на такви луѓе и голем чест е, истите да ти помогнат во осознавање на себе си. Овој курс ќе остане запаметен засекогаш. Овде научив работи што нема да ги научам на ниту еден универзитет на светот. По 100-ти пат ти благодарам Билјана Пешева што на брилијантен начин ни помагаш, не водиш да изодиме полесно по патот на нашите души, да си го исчистиме умот, емоциите и телото. А кога блеска од срцето душата на еден човек, тогаш и телото се движи и танцува полесно во ритамот на музиката на животот и универумот го гледа нашиот сјај ни дарува прекрасни дворци, места, љубов, храброст и шанси за остварување на нашите животни цели . До следното дружење и учење ” Зорица Исајловска, Кочани
“Иако за мене е прво вакво искуство преку програмата која што ја поминав, го доживеав сето тоа како едно патување низ животот исполнето со безброј откритија за себе и својата личност. Особено ми е драго што имав можност да ја запознаам Билјана Пешева и ме воодушевува нејзината посветеност кон секој еден член од групата.Со нејзината позитивна енергија на сите им влева самодоверба и љубов кон самите себе”. Маја Димитриевска, Кичево
Во овој 6 неделен курс вие ќе научите како може да се ослободите од потиснатите емоции и мисли кои ве спречуваат да се развивате, креирате нови можности и направите промени во својот живот. Ќе усвоите вештини за ослободување од старите врски и модели на однесување кои ги имате добиено во вашиот живот и ќе успеете да се почувате како целосно интергирано битие на ментален емтоивен и физички план.
Ќе работиме со техниката на Филис Кристал преку која Вие ќе научите како може да се потпрете на себе и својата интуиција и мудрост.
Ќе усвоите техника за ослободување од ментални и емотивни тежини, која може секогаш и секаде да ја користите, а со тоа ќе добиете живот полн со енергија, автентичност и среќа
Кликнете на копчето РЕГИСТРИРАЈ СЕ и дознајте повеќе