logo

Младински ретрит: Развој на дијалог и доверба во Крушево

Разбирање. Разлучување. Компромис. Разговор. Емпатија. Размена на искуства.

Ова се само неколку од зборовите кои ќе бидат тема на престојниот активен младински ретрит кој ќе се одржи во Крушево од 24 до 26 Јануари 2024 година во присуство на наставници и деца од ООУ Круме Кепески и ООУ Кирил Пејчинович од општина Кисела Вода- Скопје.

Овој настан ќе биде одлична можност да младите луѓе сами но и во соработка со наставниците заеднички соработуваат на теми толеранција и развивање на дијалог и работат на зголемување на свеста за  значењето на менталното здравје и благосостојбата.

Развојот на дијалог и доверба ја зајакнува улогата на младите во општеството

Вклучувањето на младите во дијалогот и решавање на проблемите предизвикани од булинг и врсничко насилство се повеќе е значајно во ова наше општество.  Младите дефинитивно се соочуваат со предизвици поврзани со модерниот начин на функционирање: премногу интернет, премалку вистинска и автентична комуникација, премалку сочуство, емпатија помеѓу врсниците, постоење на насилство во зборот, мислата и делото и др.

Иако најлесно е да се каже дека младите се виновни за своето однесување, сепак вистината има повеќе лица.

Сметаме дека преку овој младински ретрит  и тренингот кој ќе се одвива два дена, ќе се зголеми довербата, дијалогот и соработката помеѓу младите, но и помеѓу наставниците и учениците. Младите преку оваа активност ќе научат како можат јасно и отворено да го кажат своето мислење, искуство и насока во поглед на подобрување на состојбата со врснично насилство во својата заедница но и пошироко.

Проектот #HealthyME “Здрав ЈАС” е наменет за поддршка и подобрување на менталната благосостојба кај младите, и е поддржан од Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ (МГО), програма за директна поддршка на граѓанските организации започната во рамките на проектот финансиран од ЕУ: Tехничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија.

Посветени сме 100 % на младите и  подобрување на нивното ментално здравје и благосостојба!

#HealthyME #YouthWellbeingmatters #stopbulling #Heal #HealME #euforyou #EUforYou #euforyouth #CRM0025

Layer 1