Моментално празен: 0ден
Ослободете се од тежината на минатото и креирајте слободна и автентична иднина за вас!
Придружете ни се на овој трансформативен 6-неделен онлајн курс, кој ќе ви помогне да се ослободите од емотивните и менталните блокади и да го живеете животот автентично и целосно. Курсот се заснова техниките на психологот Филис Кристал, и вежби и задачи од книгата „Водич за ослободување од тага“ на Билјана Пешева.
За кого е наменет овој курс?
Овој курс е идеален за сите кои:
- Се соочиле со загуба, било физичка, емотивна или духовна
- Чувствуваат осаменост, стрес или тежина во релациите
- Сакаат да создадат слободна и автентична релација со себе и другите луѓе
- Поминале низ развод, загуба на работа или промена во животот
- Имаат потешкотии со отпуштање на старите емоции и конфликти
Што ќе добиете?
- 6 двочасовни онлајн сесии со индивидуален пристап
- Техники за ментално и емотивно ослободување
- Медитации и интроспекции за внатрешна хармонија
- Групна поддршка и интеракција преку затворена Facebook група
- Сертификат за завршен курс
- БОНУС: Бесплатна книга „Водич за ослободување од тага“
Зошто да се приклучите?
- Ќе научите како да ги отпуштите негативните емоции кои ве кочат
- Ќе ја подобрите вашата енергија, емоционална состојба и релации
- Ќе добиете техники кои можете да ги користите доживотно
За Билјана Пешева
Билјана Пешева е тренер, сертифициран јога инструктор, водител на медитации и велнес коуч. Со долгогодишно искуство во полето на личен развој и ментално здравје, таа ги инспирира своите ученици да пронајдат радост и мир во секојдневието. Автор е на книгата „Водич за ослободување од тага“, која веќе помага на многумина да се справат со загубата и болката.
Која е Филис Кристал
Филис Кристал (1914–2016) е психолог по школата на Јунг, автор и духовен учител, која го посвети својот живот на помагање на луѓето да се ослободат од старите обрасци на однесување и емоционалните врски кои ги ограничуваат. Таа е најпозната по својата методологија за „одврзување“ од врските со луѓе, спомени и навики кои влијаат на нашиот ментален и емоционален мир.
Техниките на Филис Кристал се едноставни, но длабоко трансформативни, и можат да се применат за надминување на различни лични и професионални предизвици. Таа веруваше дека секој човек може да најде слобода, радост и внатрешен мир ако се ослободи од минатите ограничувања и се поврзе со своето „Високо Јас“ – изворот на универзална мудрост и љубов. Денес, техниките на Филис Кристал се користат низ целиот свет за личен раст и развој, овозможувајќи на луѓето да најдат мир, хармонија и ослободување од минатите трауми.
Кога и како се одржува?
- Датуми на сесиите (6 сесии):
- 09.02.2025, 16.02.2025, 23.02.2025, 01.03.2025, 09.03.2025, 16.03.2025
- Време: 20:00 – 22:00 часот (недела навечер)
- Платформа: Zoom + затворена Facebook група
📌 Цена на курсот: 3100 денари + Бесплатна книга „Водич за ослободување од тага“ *
🛒 Попуст: 20% од цената на курсот за учесниците на Јануарските спиритуални работилници како и за учесниците на редовните Хелти Јога часови од месец Февруари.
👉 Резервирајте го вашето место денес!
👉Уплата преку оваа страна со картичка или на жиро сметката на СУНА ХЕЛТИ ЛАЈФ СКОПЈЕ 300000000379694
🌟 Подарете си нов почеток – вие го заслужувате тоа!
*Погигнувањето на книгата го правите сами во одредено место и време во Скопје, за кое ќе бидете известени во рамките на курсот.
За повеќе информации, контактирајте на healthyyogaskopje@gmail.com.