logo

Седејќи дома, уморни од секојдневните обврски, лежејќи пред ТВ или Нетфликс, чекајќи да дојдат двете недели кога ќе може да одите на одмор и се “одморите” од сé, може само да ви донесе енергетски дизбаланс или не-дај боже некаква болест!

Наместо да чекате да се одмарате само за време на годишните одмори, научете како може да се “одмарате” во секојдневието.

Започнете го денот со активност која ќе ви донесе здрав, исполнет и опуштен живот.

Започнете секое утро да практикувате јога вежби, медитација и релаксација за мирен, фокусиран и балансиран ден.

Но сепак, тешко е да се почне, нели?

Највероватно ќе си кажете: Рано е! Кој ќе станува !? Одмор?!? Па тоа не е одмор!

Но , не е така! Знаете ли дека со редовно практикување на јога, вие ја подобрувате вашата физичка и ментална сила. Со тоа вие влијаете врз вашата самодоверба, фокус, насоченост, среќа и сигурност во себе и вашиот живот. Па, ако тоа не е вистински одмор, во кој живеете 24х7, незнам што е ! 😊

Но луѓето најчесто не пробуваат да вежбаат јога затоа што гледаат слики од екстремно ризични позиции или совршено слаби и млади девојки по социјалните мрежи.

Мојата мисија е да ја направам јогата прифатлива, достапна и инклузивна за секој, без разлика на пол, години, моменталното ниво на флексибилност или односот кон духовноста.

Знаете зошто ?

  • Бидејќи јогата за мене значи да вежбаш без предрасуди. Да тргнеш од таму од кај што си. Таа е полна со разбирање, кон себе и кон другите, баш каква што сум и јас како личност!
  • Кога вежбаме јога, не се натпреваруваме. Таа за мене не е конкуренција и натпревар во тоа кој е подобар или кој е поеластичен. Сите сме добри и прекрасни на свој уникатен начин. Можеби не можеме некогаш позицијата да ја изведеме совршено надворешно, но тоа не  е страшно! Важно е да знаеме во себе, дека ја изведуваме давајќи го својот максимум.
  • Преку редовно вежбање на јога ние учиме како да ги подобриме своите лични физички, ментални и емотивни капацитети.

Така, да бидете свои и грижете се за себе !

Нека месец ЈУНИ ви донесе комплетен мир и баланс!

Овој Јуни имате можност да вежбате на еден од трите понудени начини со мене:

УТРИНСКА ЈОГА  (понеделник, среда, петок 6.45 – 7.10 час)

ВЕЧЕРНА ЈОГА (вторник, четврток 20 до 21 час)

ЈОГА СЕКОЈ ДЕН (утринска + вечерна јога како пакет со попуст)

Кликнете на копчето РЕГИСТРИРАЈ СЕ и пронајдете се во некоја од понудените активности за месец Јуни

Љубов и светлина

Биби Пешева ❤️

Layer 1