logo

Јога Мат – Пикник Мат, Отворен Јога настан во Мај

Повелете со вашиот #ЈогаМат на отворен хата јога час во природа во с. Долно Соње на 20 Maj (сабота) со почеток 16.00 час за да правиме #ПикникМат

Јогата е канал преку кој можеме да воспоставиме контакт со себе. Јогата внесува надеж во животот, бидејќи го враќа балансот на умот и телото. Јогата внесува здравје таму каде што го нема, но и мир и единство таму каде што е изгубено.

Нашиот Живот, Јогата и Луѓето (со исти или слични верувања), се местата каде што можеме да си направиме своја оаза, која ќе ја исполниме со леснотија, љубов, здравје и неизмерна радост. Така можеме да ја подобриме и подигнеме својата психо-физичка состојба и витална енергија за да нашиот живот стане убаво и лесно место за живеење.

Затоа ве поканувам со вашиот #јогамат да дојдете и да направиме #пикникмат!

Ве покануваме да направите пауза од секојдневието и го искористите до максимум денот за себе, да дојдете да вежбате, да медитирате, да танцувате и јадете со нас.

Сè што треба да направите е да дојдете на ЈОГА настанот, на отворено, кој ќе се одржува на 20 Мај (сабота), со почеток 16.00 час во Куќата на Лавовите 

Настанот ќе се одвива во целосно урбанизиран дел во с Долно Соње лесно пристаплив со кола или автобус (58 ца).

Агенда

16.00 час доаѓање и пикникарење
17.00 час Јога отворен час
18.30 час заминување

Треба да понесете:

#јогамат

#вода

#нештозагрицкање

#нештозапокривање

#нештозапиење

 

Задолжително пријавување на healthyyogaskopje@gmail.com

Layer 1