Во намалување на менталната и емотивна напнатост предизвикана од секојдневниот стрес во вашиот живот и работа, јога вежбите и техниките за дишење имаат непроценлива вредност
Со помош на јога вежбите ја истегаме, зајакнуваме и обликуваме мускулната и скелетна градба, а на тој начин го корегираме држењето (ставот) на телото, го подобруваме здравјето и потикнуваме да се активираат сите телесни физички, физиолошки и ментални функции.
Хата Јога часови во живо со Билјана Пешева во живо се одржуваат од Октомври до Мај секоја година.
За учество потребно е да си понесете: Јога мат (подлога за вежбање) и шал или тенка прекривка.
Еден час содржи во себе вежби за опуштање на телото, вежби за почетно загревање на телото, вежби (асани) за телото, вежби за дишење (пранајама) и релаксација (медитација).
Часовите се прилагодени на возраста и исуството на практикантите.
Повелете пишете ни да ги добиете сите детали!