logo

Јога активен одмор во Амуљани, Халкидики

    Подгответе се за најмагичниот кус одмор во вашиот живот покрај море! Островот од само 4,5 квадратни километри и околу 600 жители ги комбинира чистите кристални плажи како што се Аликес, Мегали Амос, Карагација и густата вегетација, бидејќи е полн со маслинови дрвја и овошни дрвја.
    Амуљани е познато по преубави песочни плажи и добрите временски услови без ветер. Иако населено, го карактеризира недопрена природа. Самото село нема градска плажа, освен мали ували, но сите останати се во близина. Секоја од нив убава на свој начин, а до сите можете да стигнете пеш или со локално „такси„, приколка која ја влече магарец или локално комбе, со цена од 2 евра по правец. Со бротчиња можат да се посетат околните острови Дрениа, Тигани и Понтики, каде што можете да уживате на нивните плажи и да ручате во некоја од таверните. Убавините на островот, беспрекорно чисто море и рајските плажи, фантастичните рибни специјалитети и љубезните жители се причина за зголемен број на посетители.
    Златниот песок и сино-зелената вода се идеална комбинација за пливање, нуркање или риболов. Ова е причината што мештаните го нарекуваат *Амулијани скриениот дијамант на Халкидики.*
    Програма 4 ноќевања:
    1 ден 28.04.2023 (петок) Скопје-Амуљани
    Поаѓање кон Амуљани околу 6 часот наутро (ако одите со органзиран превоз), Во спротивно секој одлучува кога ќе тргне. Патувањето е кон 3 крак на Халкидики до местото Трипити каде се качуваме на траект до Амуњани со кој се возиме 15мин. Пристигнување во градчето Амуљани и сместување во вила Елени која се наоѓа во самото центарче. Сместување и време за кус одмор. Почетокот на јога програмата е во 17 час на најблиската плажа.
    2 ден 29.04.2023 (сабота) Амуљани.
    Активности по програма,
    • Јога час наутро
    • Слободни активности
    • Јога час попладне
    • Слободни активности
    • Вечерна сесија
    • Слободните активности и јога сесиите ќе се прават на околните плажи во договор со групата.
    3 ден 30.04.2023 (недела) Амуљани
    Активности по програма,
    • Јога час наутро
    • Слободни активности
    • Јога час попладне
    • Слободни активности
    • Вечерна сесија
    • Слободните активности и јога сесиите ќе се прават на околните плажи во договор со групата.
    Факултативни прошетки со туристички водач
    4ден 01.05.2023 (понеделник) Амуљани
    Активности по програма,
    • Јога час наутро
    • Слободни активности
    • Јога час попладне
    • Слободни активности
    • Вечерна сесија
    • Слободните активности и јога сесиите ќе се прават на околните плажи во договор со групата.
    5ден 02.05.2023 (вторник) Амуљани-Скопје
    Одјавување од собите и можност за уживање уште кратко време на островот или да се упатиме кон Уранополис Небесниот Град кој е капијата преку која се влегува во независната монашка држава Света Гора, последното место на Халкидики кое наликува на рајот што можете овде да го добиете. Уранополис е тесна граница меѓу ноќниот живот и аскетската духовност… до скоро речиси целосно изолиран за масовен туризам, а сепак најатрактивно летувалиште заради небесно сината вода и волшебните плажи… Старата кула од византискиот период на брегот од морето е симболот на овој град. Одовде секојдневно испловуваат бродови до Дафни-главното пристаниште на Света Гора, како и до ненаселените острови Дрениа и Магарешкиот остров прочуени по прекрасните плажи. Во попладневните часови поаѓање кон Македонија.
    Цена на аранжманот: 6.750 мкд
    Во цената на аранжманот е вклучено:
    – 4 ноќевања (сместување во вила Елени во ценатрот на Амуљани)
    – Јога вежби и медитации
    Во цената не е вклучено:
    – Превоз на наведената релација Скопје – Амуљани-Скопје (опционално може да се организира со комбе) цена по лице би била околу 60еур
    – Траект Трипити – Амуљани – Трипити, цена по лице во правец околу 3.5еур, доколку патувате со свое возило се доплаќа 10еур за возилото
    – Патничко осигурување ЗАДОЛЖИТЕЛНО – 170ден. (Можете било каде да го извадите)
    – Индивидуални трошоци
    ***Вила Елени***- Амуљани се наоѓа во центарот на одморалиштето, на околу 300 метри од најблиската плажа и на околу 200 метри од пристаништето од кое поаѓа траектот. Во непосредна близина на сместувањето има пекара, гиро, ресторан, пицерија, палачинкара, забавен парк и детско игралиште. Содржи 1/3 студија и дуплекс апартмани кои можат да сместат 2-5 лица.
    СОДРЖИНА НА СОБИТЕ:
    1/3 студио – во една соба кујна, брачен и единечен кревет.
    1/4 дуплекс апартман – кујна во една соба, еден брачен кревет во втората, еден брачен кревет во трета соба.
    1/5 дуплекс апартман – во една соба кујна и во посебен дел еден обичен кревет, во втората брачен кревет, во третата соба еден брачен кревет.
    Сите соби се опремени со: Бања, крпи, опремена мини-кујна, фрижидер, клима, SAT-TV, тераса
    Доколку се пополни капицитетот на Вила Елени на располагање ни се околните вили со иста цена и услови.
    Плаќањето се врши на жиро сметка на “СУНА Хелти Лајф” жиро 300000000379694 . Во случај да го откажете уплатеното присуство се врши поврат на средствата минус банкарската провизија, но најкасно 15 дена пред тргнување. Пријавување и резервација до 30 Март.
    Имајте на ум дека треба да делите соба со некој, ако доагате сами.
    Искуството до сега ни покажа дека тоа е одличен начин да се запознаете со нови луѓе и креирате нови релации за себе.
    Пишете прашања на healthyyogaskopje@gmail.com

    Layer 1