Хелти ЈОГА ретрит во Ќерет – 23-26 Мај 2024
Планирајте ги слободните денови на крајот на МАЈ 2024 со време и дојдете со нас на 18 (осумнаесетиот) Хелти ЈОГА ретрит овој пат на едно посебно и уникатно место, на само 4,5 часа од Скопје – Ќерет, Албанија.
Подобрете го своето физичко, ментално и емотивно здравје преку Јога практики, медитација, техники за дишење , игри, долги прошетки и работилници за раст и развој.
Во Албанија и Косово се влегува и со “стари” документи (лична карта и/или пасош).
Пријавете се. Цена на аражман изнесува 240 евра
Healthy Yoga Retreat ви нуди
✓ 4 дневен ретрит (3 ноќевања со вклучено доручек и вечера)
✓ Утрински и вечерни јога вежби за физичко и ментално здравје
✓ EFT (Emotional Freedom Technique) – Техника за емоционално ослободување
✓ Тимски активности
✓ Разбирање на тајните на умот
✓ Инстроспекција
✓ Медитација
✓ Техники за дишење
Програмата ќе биде составена од Јога вежби и техники на дишење за активирање на виталната енергија во себе, тим билдинг активности за будење на потенцијалите во себе и излегување од зоните на конфор, спортски предизвици за подигање на виталната енергија и работилници за раст и развој за балансирање на сопствените емоционални и ментални блокади, проследени со плажа, сонце и море. Ќе научите техники и вежби за намалување на стресот и ќе стекнете вештини за унапредување на сопствената социјална комуникација преку активна и забавна содржина.
Не го пропуштајте овој настан. Дури и да немате друштво придружете се бидејќи ова е одлична можност да запознаете со нови лица, кои не сте во можност да ги сретнете во вашето секојдневие !
Нашето здравје е комплексно, и во себе вклучува грижа за повеќе аспекти: внимавање на исхраната, дружење со позитивни луѓе, редовно вежбање, прошетки во природа, развивање на емоционалната интелигенција, подобрување на комуникациските способности, психолошка работа на себе, излегување од зоната на конфор и др.
Умот, емоциите и телото се нераскинливо поврзани во еден сложен и жив систем на внатрешна енергија која се одржува и подобрува преку свесна работа на себе.Преку јога вежбите кои ќе се применуваат го осознавме телото, стануваме свесни за блокадите кои ги имаме на физички план, а преку велнес работилниците ги осознаваме во себе емоционалните и менталните блокади но и содржини кои не кочат да живееме автентичен и среќен живот.
Со вашето учество, Вие ќе ја подигнете вашата животна енергија, ќе го подобрите сопственото здравје, ќе постигнете урамнотежување на сопствената емоционална и ментална состојба а со сето тоа Вие ќе станете повеќе задоволни од себе и сопствениот живот.
Фотографии и искуствата од нашите Wellness& Yoga активни одмори, кампови и ретрити организирани изминатите 10 години можете да видите на овој ЛИНК
Јога вежбите и сесиите ќе се изведуваат во рамките на хотелот или на самата плажа.
ДАТА
Продолжен викенд во Мај. Термин 23.05.2024 до 26.05.2024 (3 ноќи / полу- пансион).
Пријавете се. Цена на аражман изнесува 240 евра
МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ
Хотел Мерар (https://merarhotel.com/), кој е дел од приморското рибарско-туристичко село Ќерет (анг. Qerret).
Ќерет се наоѓа на идеална локација на Јадранскиот брег, на 3 до 5 км од Каваја , на 25 километри од Драч , и на само 50 километри од Тирана
Туристичкиот дел од Ќерет е дел од административната единица Голем , една од најпосакуваните и најпосетените туристички дестинации во Албанија.
Хотелот Мерар е лоциран на самото шеталиште пред морето има своја приватна плажа со лежалки, чадори и пешкири за плажа за секој посетител (бесплатно!) . Сместувањето е во двокреветни и/или трокреветни соби.
Пријавете се. Цена на аражман изнесува 240 евра
Поглед на шеталиштето во Ќерет – види слика
Како се стигнува?
До Ќерет се стигнува со автомобил преку преку Косово, Фуш Круја и Драч од една страна. Се вози по конфорен автопат 350 км и се стига за 4,5 часа. Од друга страна може да се стигне и преку Струга, Елбасан, Рогожине но иако овој пат е покус за 40 километри, тој е понеповолен за возење, посебно на македонската страна ако се оди од Скопје.
Погодности за активности
Долгите километарски песочни плажи на Јадранското море се идеални за рекреативно трчање, пешачење и вежбање јога, а бројните кафе барови и ресторанчиња долж брегот се погодни за релаксација и далечински видици во морето. Плиткиот песочен морски брег овозможува капење од крајот на Април па се’ до крајот на Ноември секоја година.
По плажа може да се стигне до Драч – 20 км прошетка во еден правец. Види слика
Во составот на селото има прилично голема марина со рибарски чамци и бротчиња. Таму може да се набави свежа риба пресно уловена во утринските часови и може да се набави по поволни цени.
Пријавете се. Цена на аражман изнесува 240 евра
Во цената е вклучено:
- 3 ноќевања, (сместувањето е во двокреветни и/или трокреветни соби)
- храна на база шветска маса-полупансион (појадок и вечера) и учество според програма и семинар
Програмата е прилагодена за сите возрасти за почетници и напредни практиканти, како и за фамилии со деца.
Превоз: Постои можност за превоз но во зависнот од бројот на пријавени учесници ќе се договориме со групата.
Откажувања: Нема да се наплати за откажување направено 30 дена пред пристигнување; По овој период – 100% наплата; No show – 100 % наплата
Прочитајте ОВДЕ повеќе за јога ретритот и зошто е добро да дојдете во Ќерет и на Хелти Јога на ретрит со нас овој Мај
Ретритот по 18 (осумнаести) пат ќе го води Билјана Пешева – професионален обучувач за возрасни, тренер за сеофатна лична благосостојба (Wellness coach) и Јога инструктор во Healthy YOGA
Повеке информации на маил healthyyogaskopje@gmail.com
Погледнете го видеото од плажите во Ќерет
Организаторот го задржува правото да ги смени цените без предходна најава. Оние кои платиле котизација согласно инструкциите погоре цените се загарантирани!