Циклус спиритуални работилници – Јануарско спиритуално будење
Повелете во најладниот месец од годината на едно топло патување кон себе, каде преку процес на себе-набљудување ќе добиете можност да стапите во контакт со вашата спиритуална Повисока Свест
Целта на овој циклус спиритуални сесии ќе биде да стапите во контакт со вашите искуства од минатите животи, да добиете увид во вашите записи во Акаша- етерот, ќе работите на ослободување од вашата карма, и да стапите во контакт со вашето спиритуално Јас. Преку методите кои ќе ги работиме ќе научите како да се потпрете на вашиот внатрешен извор на сигурност и мудрост. Методот се базира на сет од симболи и креативна визуелизација (медитација), преку кои се постигнува контакт со Повисоката свесност (тоа е оној мудар дел внатре во Вас самите – кои некои го нарекуваат интуиција, мудрост, себство, внатрешен Бог или друго).
Во нашата потсвест се содржи сето она што ни се случило уште од нашата најрана возраст, но и искуствата од минатите животи, на кои не се сеќаваме свесно, но со помош на оваа метода секој еден ќе може да дојде до она искуство кое несвесно извршило влијание врз неговата личност и врз основа на кое сме донеле одлука која се уште влијае врз нашиот живот. Тие несвесни одлуки се внатрешните енергетски врски кои кочат, ограничуваат и спречуваат да водите автентичен и здрав живот.
®“Невероватно ослободување. Мене гневот и болката ми беа лоцирани во тироидата и во срцето a таму имам и здраствен проблем. Лутината ја најдов во однос на мајка ми и нејзиното контролирачко однесување во текот на цел мој живот и мојата немоќ да се објаснам со неа и да го слушне мојот глас.” Зорица И.
Да нурнеме во оваа 2024 година со активирање на личниот спиритуален аспект во тој процес:
#1 Дата 7 Јануари 2024 (недела) 20.00 час
Тема: Одврзување до мајмунскиот ум, поврзување со повисоката свест и патување низ вашите записи во Акаша (етерот)
На оваа сесија ќе работиме стари трауми, настани или искуства кои се длабоко застанати во вашата потсвест и влијаат врз сегашноста. Во медитацијата ќе направиме ментално патување низ акаша (етерот) (од каде што и произлегол нашиот човечки облик), за да видиме од каде извира врзаноста, одбојноста и стравот кој го имаме во нашиот живот.
#2 Дата 14 Јануари 2024 (недела) 20.00 час
Тема: Медитација за одврзување од кармата
Секој човек има своја уникатна кармичка приказна.
Наспроти традиционалниот психолошки пристап во кој се вели дека човекот се раѓа како “табула раса” или чиста бела табла на која ништо не е испишано, традиционалниот спиритуален поглед гледа на човекот како душа и вели дека секоја една личност се раѓа со однапред вграден програм (како компјутер со вграден програм) во кој однапред се предвидени алгоритмите и комбинациите да: сретне одредени луѓе , да се соочи со одредени искуства, да научи нешто преку страдањето или блиските, итн. Овие настани со кои се среќаваме на својот животен пат се всушност нашите кармички искуствата, оние кои не сме ги завршиле во минатите животи.
Затоа, секој човек има свој уникатен кармички програм и поминува различни искуства за да созрее и порасне во својот живот. И не секое кармичко искуство може да се изработи во овој живот. Она што е важно да знаеме и е поврзано со СЕГА И ОВДЕ и нашиот сегашен живот е дека ние исто со постапките, мислите и емоциите креираме карма со чии што последици ќе се соочиме во овој но можеби и во наредните животи.
Па доколку се чувствувате заглавени во животот и не знаете од каде доаѓа тоа, оваа медитација е за вас каде преку враќање во минатите животи ќе го откриете коренот на вашата врзаност и блокада Благодарејќи на техниката на психологот Филис Кристал и Повисоката Свесност која е симбол на внатрешната мудрост и е наш внатрешен сведок, ќе го видите целиот ваш животен пат, лекциите кои сте ги пропуштиле во минатите животи, преку оваа длабока медитација.
#3 Дата 21 Јануари 2024 (недела) 20.00 час
Тема Одврзување од стравовите и твојата сенка и поврзување со детето во тебе
Ќе добиете искуство за внатрешните стравови и блокади кои несвесно ве спречуваат да креирате слободна и автентична релација со луѓето околу вас како и со самите себе си. Преку оваа метода ќе дојдете во контакт со вашата СЕНКА , оној дел од вас што ве спречува да растете и да напредувате во животот.
#4 Дата 28 Јануари 2024 (недела) 20.00 час
Тема: Повторно раѓање и поврзување со енергијата на љубовта и враќање на балансот кон себе
Оваа сесија ќе му даде на вашето срце т.н “Бај-Пас” за да може енергетски да се балансира, урамнотежи и ослободи од старите болки и трауми. Кога зборуваме за Бај пас на срцето зборуваме за повторно поврзување со енергијата на љубовта која тече во секој еден од нас бидејки сите ние сме родени со способноста да сакаме и да бидеме сакани. Се што треба да направиме е да се одврземе од минатото и болните искуства за да може да дозволиме на енергијата на љубовта непречено да тече низ нас.
Време траење на една сесија е 2 часа (20.00- 22.00 час)
Сесиите ќе се изведуваат преку платформата ZOOM. За да учествувате треба да имате стабилен интернет, пристап до Zoom преку компјутер или мобилен и најважно од сѐ мирно место каде ќе може да се изолирате 2 часа од домашните и обврските.
Цена: 3.200 мкд за 4 сесии , цена на една сесија 1.000 мкд
За Уплати до 24 Декември за целиот пакет, цената изнесува 2.100 мкд
Уплатата може да ја извршите со картичка преку оваа веб страна или електронски на жиро сметка на здружението СУНА Хелти Лајф Скопје 300000000379694
Контакт и пријави: healthyyogaskopje@gmail.com
Рекле за оваа медитација и техника:
® “Всушност не знам дали можев по работилицата да зборувам, ми требаше време да си средам во главава измешани чувства кои ми се јавија за време на медитацијата и после тоа. Прекрасно беше, практикував јога, медитации правам повремено, ама она беше нешто поинакво, освестување на моменти за кои не сум размислила претходно. Ти благодарам многу, се надевам дека ќе можам да присуствувам на наредните работилници.”
® “Многу интересна медитација, алатка за ослободување на лутината ми беше клештата. Верувам дека причината за тоа лежи во тоа што за време на детството и младoста мораше да ја слушам мајка ми и немав право на збор, камо ли на свое мислење. Чувствував боли во срцето и грлото и тоа ми е јасно, не сум можела да се искажам. Но кога дојдов во третата соба се соочив со личноста која ми нанесе огормна болка и лутината како да излегуваше од цело мое тело како експлозија. Вчера неможев ништо да зборувам зошто бев скршена . Утрово осеќам болки во рамото. Ти благодарам за се. Срекна сум што те запознав. ”