Бесплатен викенд предизвик за ментално и емотивно здравје
Учествувај на бесплатниот викенд предизвик и ЗГОЛЕМИ ЈА СВЕСНОСТА за своето МЕНТАЛНО И ЕМОТИВНО ЗДРАВЈЕ
16,17,18 Февруари 2024, од 20.00 час преку Zoom/ФБ/Youtube
Овој предизвик е наменет за сите оние кои сакаат да откријат начин како може да го смират умот, израдуваат срцето и станат свесни за својата вредност.
—–
Драги мои,
Инспирирана од мојата досегашна работа и желба да помогнам на сите оние кои имаат потреба да ја зголемат својата свесност за менталното и емотивното здравје го објавувам овој ВИКЕНД БЕСПЛАТЕН ПРЕДИЗВИК. Целта е да станеме свесни и да се ослободиме од потиснатите емоции и мисли кој не одалечуваат од нашата магична суштина.
Зошто треба да учествувате ?
Силата и големината на несвесното најверојатно најдобро ја сумира Др. Ерик Берн (1957) таткото на трансакциска анализа, кој вели дека нашата потсвест не е само „мртов“ подрум, каде оставаш стари книги и тие не се мрднуваат се додека, не дојде мигот да ги отвориш. Не! Нашата потсвест е како да чуваш јато зајаци. Овие ‘зајаци’ се хранат од нашите потиснати и скриени чувства и мисли, се размножуваат и стануваат се помоќни и помоќни, и ако не се ослободат, можат целосно да го преплават подрумот (или нашиот Ум).
Затоа, силно верувам во моќта на медитацијата, преку која личноста на еден нежен и внимателен начин влегува во својот (заборавен подрум) на потсвест, и има можност да ги открие, расплете и осознае, нај длабоките и нај величенствените содржини и тајни кои постојат во него. Медитацијата помага да таа задача ја направите внимателно, со љубов кон себе и својата ранливост, прифаќајки ги и интегрирајќи ги во себе и својата свест, овие содржини и искуства.
Искустете ја моќта на медитацијата на овој предизвик и подобрете го вашето ментално и емотивно здравје!
Пријавете се со време, местата се ограничени!
Се гледаме на предизвикот !
Љубов и светлина❤️
Билјана Пешева
16,17,18 Февруари 2024
20 .00 час – 21.00 час
***
Линк и лозинка за сесијата ќе добиете на емаилот со кој се пријавивте!