Една од многуте убавини на вежбањето јога е што буквално може да се направи насекаде.
А, вежбањето јога во природа може само да ја поттикне вашата пракса на еден сосема поинаков начин.
Јога часовите пожелно е да се одржуваат во природа. Знаете зошто? Бидејќи животната енергија или „праната“ најмногу ја има во природа (на планина, во шума, на море или езеро). Самата посета на овие места е одлична, но кога дополнително на тоа и практикувате јога вежби и техники на дишење, дополнително овозможувате нова свежа енергија да влезе во секоја пора на вашето тело, со што се балансирате и полните со енергија. Ова е најуспешниот и најбрзиот начин како да се дојде до нова енергија. Динамичниот живот во кој живееме денес, за жал, негативно влијае врз нашата природна витална енергија, а со тоа и врз нашето здравје и долговечноста.
Хелти Јога организира часови во природа, на отворено во летните месеци и за време на активните јога одмори.
Следете ги известувањата на оваа страна и ако сте љубител на вежбање во природа приклучете ни се обавезно!