Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK

Јога Активен Одмор во Ќерет, Албанија во Јуни 2025

Home » Events » Јога Активен Одмор во Ќерет, Албанија во Јуни 2025
Breadcrumb Abstract Shape
Breadcrumb Abstract Shape
Breadcrumb Abstract Shape

После минатогодишниот успех, со радост ве канам на второто издание на Јога Активен Одмор во Ќерет, (Qerret, Kavaje, Albania). Овој пат, од 1 до 8 Јуни 2025, во прекрасниот хотел Мерар , со нова уште по интересна програма, која ќе го трансформира вашиот одмор во незаборавно искуство на регенерација, опуштање, личен развој и радост.

Избор на време траење на одморот:  7 или 3 ноќевања. 

За резервација пишете ни порака на вибер 070234740

Бидејќи првата недела во Јуни 2025 вклучува во себе еден неработен ден, вашиот јога одмор може да биде:

  • Комплетен одмор од 7 ноќевања од 1-8 Јуни 2025 (со доручек и вечера, целосна јога програма, пешкири и лежалки за плажа), или
  • Скратена верзија од 3 ноќевања од 5-8 Јуни 2025 (со доручек и вечера, целосна јога програма, пешкири и лежалки за плажа), идеално за оние кои сакаат само продолжен викенд.

Во двата случаи, ќе имате можност да се препуштите на уникатни јога часови на плажа, вечерни работилници за поврзување и лични увиди, како и групни активности и прошетки што инспирираат заедништво и духовна хармонија.

Превоз

Веќе организиравме превоз со комбе за групата која ќе доаѓа на 7 ноќи и 3 ноќи но за да го олесниме процесот, ве молиме да се пријавите дека сте заинтересирани за учество за да провериме дали ќе има место за превоз на  healthyyogaskopje@gmail.com или  070234740 (Вибер).  

Зошто да дојдете со нас?

Јога активните одмори со Хелти Јога се многу повеќе од обичен одмор. Тие се патување кон себе, преку кое:

  • Излегувате од секојдневната рутина и го оставате стресот зад себе.
  • Учите техники за подобрување на менталната и физичката благосостојба.
  • Се инспирирате преку древни и современи методи за личен раст.

Нашите програми се внимателно дизајнирани да одговорат на вашите потреби за баланс и хармонија. Преку јога, медитација и интерактивни работилници, ќе стекнете нови вештини кои ќе ви помогнат да го подобрите својот личен и професионален живот.

Велнес концептот кој го применуваме е многу повеќе од физичко здравје, вежбање и исхрана. Тоа е интеграција на физичката, менталната и духовната благосостојба. На нашите активни одмори, оваа филозофија ја претвораме во практика, преку која секој учесник ќе почувствува целосна трансформација.

Прочитај повеќе 

Повеќе информации за програмата и искуствата од минатата година во Ќерет може да најдете овде

Јога во Ќерет – Патување кое трансформира!

Healthy Yoga Retreat во Ќерет, Албанија 2025 ви нуди

✓ 7 дневен ретрит (7 или 3 ноќевања со вклучено доручек и вечера) по ваш избор
✓ Утрински и вечерни јога вежби за физичко и ментално здравје
✓ EFT (Emotional Freedom Technique) – Техника за емоционално ослободување
✓ Тимски активности
✓ Разбирање на тајните на умот
✓ Инстроспекција
✓ Медитација
✓ Техники за дишење

Место на одржување

Хотел Мерар, се наоѓа во приморското рибарско-туристичко село Ќерет (анг. Qerret, Kavaje). Ќерет се наоѓа на идеална локација на Јадранскиот брег, на 3 до 5 км од градот Каваја, на 25 километри од Драч, и на само 50 километри од Тирана. Туристичкиот дел од Ќерет е една од најпосакуваните и најпосетените туристички дестинации во Албанија.

Хотелот Мерар е лоциран директно на море и има приватна плажа со лежалки, чадори и пешкири за плажа кои што се обезбедени за гостите на хотелот, бесплатно. Сместувањето е во двокреветни и трокреветни соби.

Како се стигнува?

До Ќерет се стигнува со автомобил преку Косово, Фуш Круја и Драч од една страна. Се вози по конфорен автопат 350 км и се стига за 4,5 часа. Од друга страна може да се стигне и преку Струга, Елбасан, Рогожине но иако овој пат е покус за 40 километри, тој е понеповолен за возење, посебно на македонската страна ако се оди од Скопје.

Цена

  • 240 евра за 3 ноќевања со доручек и вечера со вклучена јога програма (16.120 мкд) ‼️‼️( оваа цена е со попуст и сега изнесува 14.480 мкд – кликнете на овој ЛИНК и платете со картичка)  ‼️‼️
  • 480 евра за 7 ноќевања со доручек и вечера со вклучена јога програма (29.760 мкд)

Постои можност за плаќање на рати но потребна е целосна уплата најкасно до 10 Мај

Откажување и враќање на пари освен во исклучителни ситуации (отказ поради болест или сл.) се прави максимум до 1 Мај 2025

Придружете ни се и создадете спомени кои ќе ги носите во срцето засекогаш.

Ве очекуваме во Ќерет!

Контакт healthyyogaskopje@gmail.com или вибер 070234740

СЛИКИТЕ ОД МИНАТАТА ГОДИНА ОД ИСТИОТ ХОТЕЛ И МЕСТО ГИ ИМАТЕ ОВДЕ

Како и изминатите 20 јога активни одмори , и овој ќе го води  Билјана Пешева: Aвтор, тренер, јога инструктор и wellness coach со повеќе од 30 години искуство во областа на менталното и емотивното здравје, личниот развој и холистичките практики. Национално квалификуван обучувач за возрасни, сертифициран тренер за меки вештини и терапевт во семејни констелации, Билјана ја комбинира својата експертиза во современи и древни техники за намалување на стресот, емоционално исцелување и постигнување животна хармонија.

 

https://healthylifeskills.mk/wp-content/uploads/2025/02/01-video.mp4
https://healthylifeskills.mk/wp-content/uploads/2025/02/02-video-.mp4

 

https://healthylifeskills.mk/wp-content/uploads/2025/02/03-video-.mp4

 

Информации за настанот

  • Цена:14,480.00 ден
  • Вкупно слот:40
  • Резервиран слот:0
Резервирај сега
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се