logo

Онлајн јога часови

Хата јога вежби со Билјана Пешева наменети за оние кои страдаат од крстоболка, ишијалгија, спондилоза и други пореметувања на ‘рбетниот столб

ОНЛАЈН Хата јога вежби наменети за ментално, емотивно и физичко опуштање и здравје со Билјана Пешева , секој Вторник и Четврток  19.30-20.30 час

Вежбаме и другаруваме преку платформата Zoom

Часовите се снимаат а снимките се достапни за учесниците во затворена група, за да ги вежбате кога сакате!

Со Билјана Пешева ќе вежбате лесни и средно тешки хата јога вежби, ќе учите техники за дишење и ќе медитирате за Ваше подобро ментално и емотивно здравје.

Ако не сте вежбале редовно сигурно веќе чувствувате крутост на телото, која пак може да Ви биде пречка во секојдневниот живот.

Постојат три главни причини за крутоста на телото:

  1. Тензија на мускулите и мускулната маса
  2.  Затегнатост на тетивите и лигаментите
  3.  Токсични наслаги во зглобовитe

Доколку вежбате редовно јога вежби, овие пречки за кратко време ќе ги надминете.

Со редовно практикување јога вашето тело ќе добие на флексибилност и издржливост а вашите муслулите ефикасно ќе се активираат. При вежбањето, вашите мускули и тетиви имаат доволно време да се истегнат а кога тетивите еднаш ќе се истегнат, тие остануваат во таа положба и овозможуваат еластичност на целото ваше тело. Ако вежбате редовно јога и вашите зглобови ќе станат и останат подвижни.

Се разбира дека треба да внимавате и на исхраната и начинот на кој го живеете вашиот живот, но редовно практикување на јога вежби помага да се подобри вашето ментално и физичко здравје. Затоа приклучете ми се на редовните  ОНЛАЈН ЈОГА часови за ВАШЕ ПОДОБРО ФИЗИЧКО И МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ.

Месечна чланарина е 1.000 мкд

Се гледаме на јога мат

1
Општи совети за вежбање за ОНЛАЈН вежбање

Уплатата може да се изврши преку оваа страна (со картичка) или на жиро сметка на СУНА ХЕЛТИ ЛАЈФ СКОПЈЕ депонент на Комерцијална Банка жиро 300000000379694



Be the first to add a review.

Please, login to leave a review
Buy course
30-Day Money-Back Guarantee

Includes

Full lifetime access
Онлајн јога часови
Price:
1,000мкд.
Layer 1