logo

Продолжен јога викенд во Крушево за 11 Октомври

Искористете го продолжениот викенд во месец Октомври и дојдете на три дневен активен јога одмор на 1250 метри надморска висина во волшебното Крушево Идеално годишно време за посета на Крушево нема. Мештаните велат дека Крушево е идеално само по себе, па ако сакате ведри ноќи, свежи и пријатно топли есенски денови во комбинација со јога […]

1 активен студент

Искористете го продолжениот викенд во месец Октомври и дојдете на три дневен активен јога одмор на 1250 метри надморска висина во волшебното Крушево

Идеално годишно време за посета на Крушево нема. Мештаните велат дека Крушево е идеално само по себе, па ако сакате ведри ноќи, свежи и пријатно топли есенски денови во комбинација со јога вежби во природа може да појдете за време на продолжениот викенд 11 Октомври со нас и да го почуствувате тоа.

Јогата навлегува длабоко во нашите животи, особено сега кога темпото на живот е брзo и се соочуваме со многу стресови во секојдневието. Поради промена на начинот на живеење последната година многумина се жалат дека неможат да посетуваат редовно часови јога поради недостиг на време, страв и многу обврски. Еве прилика токму за Вас, каде во неколку дена, ќе искустите древни и модерни техники за совладување на стресот и ќе ги избалансирате вашите мисли и емоции.

Гледајте на овој активен јога одмор како на едно патување кон себе, каде преку активностите и задачите кои ќе ги имате во текот на овие три дена, ќе ги смирите вашите мисли и ќе ги избалансирате вашите емоции и најважно од сѐ ќе се вратите освежени и подготвени за совладување на предизвиците од вашето секојдневие. кои никаде нема да ви побегнат.

Крушево активен јога одмор ви нуди:
✓ 4 дневно незаборавно дружење (3 ноќевања со вклучено доручек и вечера)
✓ Утрински и вечерни јога вежби за физичко и ментално здравје
✓ Тимски активности
✓ Медитација
✓ Техники за дишење
✓ Тишина

МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ

Хотел Монтана Крушево – хотел со 4 звезди

Дата 8-11 Октомври 2022

Во цената е вклучено:

3 ноќевања во хотел
Полупансион (доручек и вечера)
Учество на активниот јога одмор
Во цената не е вклучен превозот и други неспомнати трошоци

ЦЕНА по човек за цел пакет:

четрикреветна соба 7.500 мкд

трикреветна соба 7950 мкд

двокреветна соба 8.220 мкд

еднокреветна соба 9.570 мкд

Постои можност за учество во целокупната програма, за оние кои ќе бидат во Крушево а се сместени на друго место. Цената изнесува 2.500 мкд

Рок за пријавување:  15 Септември  со уплата на 50 % од износот

Плаќањето се врши на жиро сметка на “СУНА Хелти Лајф” жиро 300000000379694

Да ве потсетиме дека за време на короната во Октомври 2020 имавме прекрасен ЈОГА Активен одмор исто во Крушево. Сликите од тој јога ретрит погледнете ги ТУКА 

Be the first to add a review.

Please, login to leave a review
30-Day Money-Back Guarantee

Вклучува

Целосен (животен) пристап
Продолжен јога викенд во Крушево за 11 Октомври
Price:
Free
Layer 1