logo

Индивидуален велнес коучинг

Индивидуална сесија со Билјана Пешева

Велнес коучингот обмислен да направите увид во својата моментална физичка и емоционална состојба, да си поставите одржливи стратегии, планови за акција и нови посакувани цели за еден или повеќе аспекти во својот животот, како што се:

  • здравје,
  • благосостојба,
  • личен раст и развој,
  • партнерски релации,
  • кариера и
  • финансии,

Во зависност од вашиот  интерес, област на фокусот може да ви помогнам за поставување една од следните цели за подобрување:

  • Подобрување на ментално и емоционално здравје
  • Промени во животниот стил во однесувањето за подобрување на вашата целокупна благосостојба (здравје, професија, финансии, љубов)
  • Советување за исхрана
  • Вежбање

Што треба да очекувате од велнес тренерот ?

Посекако велнес тренерот треба да ја слушне вашата лична ситуација, минати искуства и какви се цели имате поставено во животот. Првиот чекор најверојатно ќе биде дискусија за да дознаете што е важно за вас, зошто барате помош и што сакате да постигнете. Од тие првични разговори, заеднички ќе се работи на акционен план или цели.

Кога  треба да одите на индивидуален коучинг ?

Различни луѓе имаат различни потреби кога станува збор за личното добро и здравје. Ако мислите дека некој може да ви помогне да ги идентификувате своите цели, сили и предизвици и да создадете план кој ке го следите за да си постигнете некои цели на личен или професионален план, тогаш  може да имате корист од овој велнес тренинг.

Холистичкиот-сеофатен велнес тренинг кој јас го практикувам го третира клиентот како био-хемиски уникатна личност со различни  потреби кои го водат кон сопствениот мир и среќа. Истражувањата покажуваат дека добро е кога имаме некој, кој може да разговара со нас за емоционалната, психолошка или физичка состојба. Добро е да имате некој кој ќе може да ја насочи вашата способност за да Вие презвемете големи (или мали, но моќни) промени во вашиот живот.

Индивидуалните сесии траат 60 минути и ги води онлајн и/или офлајн Билјана Пешева основач на Healthy Life Skills

За резервирање на пакет од 6 сесии цената е со попуст !

Закажете ја вашата индивидуална сесија

 

Биди првиот што ќе додаде рецензија.

Ве молиме , најавете се за да оставите преглед
Купи
30-дневна гаранција за враќање на парите

Вклучува

Целосен (животен) пристап
Индивидуален велнес коучинг
Цена:
2,900мкд. 1,900мкд.
Layer 1