logo

Работилница за одврзување од токсични релации и улоги

Системски интегриран тренинг и медитација за емоционално ослободување од токсични улоги и релации по методот на психологот Филис Кристал Сите ние во текот на нашиот живот имаме, превземаме и играме различни улоги. За некој од нас овие улоги се единствено нешто што го знаеме за себе, но сепак нашата внатрешна, вистинска природа е нешто повеќе. […]

25 активни студенти

Системски интегриран тренинг и медитација за емоционално ослободување од токсични улоги и релации по методот на психологот Филис Кристал

Сите ние во текот на нашиот живот имаме, превземаме и играме различни улоги. За некој од нас овие улоги се единствено нешто што го знаеме за себе, но сепак нашата внатрешна, вистинска природа е нешто повеќе. Па така, наместо да се вртиме во круг и да играме разни “игри’ со блиските или да “глумиме” дека сме само “родител ”, “шеф” ,“жртва”, “спасител” или пак било која улога која ја играме доминантно во својот живот – повелете на еден различен пристап и поглед кон себе, каде во процесот на себе-набљудување ќе добиете личен увид во улогите и релациите кои ги играте користејќи го методот на Филис Кристал и симболите , ќе дојдеме во контакт со повисоката свесност (мудриот аспект во секој еден од нас), и ќе можете да ги видите своите “карти” со кои сте влезени во играта наречена живот!
Темелот на методот на Филис Кристал е воспоставување на врска со повисоката свест (Higher Conciseness) .
Таа вели дека во нашата потсвест се содржи сето она што ни се случило уште од нашата најрана возраст и на кое не се сеќаваме свесно, но дека со помош на методата секој еден од нас може да дојде до искуството или улогата која што сме ја превзеле несвесно тогаш и врз основа на која сме донеле одлука која сеуште влијае врз нашиот живот. Тие несвесни одлуки се нашите внатрешните енергетски врски преку кои сме сеуште врзани со лицата, ситуациите, настаните и кои не спречуваат да водиме автентичен и здрав живот.
Филис Кристал (1914-2016). е психотерапевт школата на Јунг и Ериксон и автор на голем број книги и креатор на психолошките техники за ослободување на лажниот идентитет и негативните програмирање кое го градиме во текот на нашиот живот.
Дата 25 Септември (недела) време од 20 час до 21,30 час

Be the first to add a review.

Please, login to leave a review
Купи
30-Day Money-Back Guarantee

Вклучува

Целосен (животен) пристап
Работилница за одврзување од токсични релации и улоги
Price:
500den
Layer 1