Моментално празен: 0ден

Кога некој ќе го каже зборот „карма“ на запад луѓето најчесто сметаат дека тоа нешто е поврзано со лоши постапки. Овој збор често се користи кога некој поминува низ тежок период и луѓето знаат да кажат „ако страдаш, ако имаш проблем, тоа е поради твојата карма“. Но, кармата не е само тоа! Кога правиме добри дела, создаваме добра карма, која исто така ни носи добра среќа во животот. Но, проблемот овде е што луѓето очекуваат веднаш да “добијат” назад, нешто за себе. Но, во универзумот, тоа не оди така! Многу е важно да сватите дека резултатите од вашите постапки дела и зборови, ќе може да ги видите во овој и/или во некој нареден живот, но (можеби) не на начин на кој вие сакате. Знаете , не е важно дали верувате или не во карма. Таа постои. На пример, можете да не верувате во законот на гравитација но тој постои. Така? Обидете се да направите чекор од авион кој лета, што мислите што ќе се случи? Истото важи и за законот за карма. Тој е универзален закон, постои и делува. Добро е да знаете исто така дека тој оди напредно со законот на еволуција. Па, така што и да се случи со вашата карма, законот на еволуција те бутка напред.
Во градењето на кармата многу големо значење има дали тоа го правиме свесно или несвесно. Фактички кармата ја добиваме и на свесните но и несвесните постапки
Она што ние го нарекуваме „карма“ е резултат на нашите постапки. И добри и лоши. И во овој и во некој минат живот, свесно или несвесно.
Ова е многу обемна тема, па овде ќе ги наведам накратко трите типа карма за кои мојата духовна учителка по јога Матаџи зборува:
- “Првиот тип на карма се нарекува „Санчита карма“ . Таа е како база на податоци која ги содржи сите наши физички дејства, свесни и несвесни, но и нашите мисли. Секоја мисла има своја реакција, свој резултат. Кога ќе го напуштиме овој свет, одредени делови од овој резултат одат со нас, и во следниот живот некои од нив не следат.
- Вториот тип на карма се нарекува„Прарабда карма“ одговара на некои карми што сме ги правеле во нашите минати животи и на кои не сме работеле свесно. Затоа мораме да им се вратиме за да се прочистиме.
- И третиот тип на карма, е оној кој го правите во вашиот секојдневен живот и се нарекува „Кријамана карма“. Секоја акција или секојдневна мисла има своја реакција. Ако мислите добро за некого, за себе, за животот, природно ова создава позитивни вибрации и исто така генерира добра карма. Затоа, уште од детството, многу е важно да бидеме свесни за она што го зборуваме. На примеr: Бебињата и малите деца не ги нервира ништо бидејќи нивното его сè уште речиси и да не постои, тие не се свесни за „јас“. Значи ништо не ги боли. Колку повеќе стануваат свесни за „јас“; Јас сум син на…, јас сум ќерка на…, јас сум поголема, помала сум, убава сум, грда сум…“ толку повеќе се развива ова „јас“. Како резултат на тоа, ако нешто е различно или не е во согласност со сликата што сте ја создале, вие сте повредени. И вие реагирате. Дотогаш не сте реагирале, го прифаќавте нештото како што било,и максимално го користевте. Па кога ќе го штипете образот на бебето, тоа се насмевнува. Но, кога ќе порасне, ако го штипнете, тој или таа реагира, мисли дека сакате да го повредите. Овој едноставен пример може да ви помогне да го разберете значењето на Кријамана карма.”
Добрата карма е резултат на свесно делување.
За да го направите тоа свесно, треба да ја знаете вашата дарма, или вашата должност. Кога ќе станете свесни за ова, не можете да направите грешки. На пример, ако сте мајка и ја знаете својата должност како мајка, спонтано, автоматски, ги развивате духовните квалитети на мајката: трпение, толеранција, љубов, посветеност. Ако мислите дека треба да го контролирате своето дете, треба да го казните или да не го слушате затоа што вие сте тој или таа што знае повеќе, тогаш нормално, не можете да ја развиете добрата природа на мајката, и тоа што го правите мислејќи дека ова е вашата природа на дарма е погрешно.
Поимот дармае дел од хиндуското филозофско и културно образование. Се заснова на свесноста за вашето постоење и на вашата улога. Дармата работи дво-насочно. На пример, не само мајката треба да ја следи нејзината дарма; детето исто така мора да ја следи својата дарма.
Вашата прва дарма како човечко суштество, кога ќе дојдете во ова тело, е повторното обединување со Бог, чиј дел сме сите ние. Ова е она што ние го нарекуваме Јога. Сите практики; асани, пранајама, банди, мудра, постови, итн. се предодредени да развијат индивидуална свест за повторно се обедините со Севишниот или Бог. Во Индија, луѓето се сметаат себеси за „дел од Бог“, односно ја развиваат таа свест. Само со развивање на чистотата на свеста може да станете едно со Севишниот.
За да правилно ја следите вашата дарма, едноставно треба да ја развиете вашата свест, и тоа почнувајќи со мали нешта. На пример, држите чаша вода и ја ставате некаде во просторијата во која се наоѓате, но не сте свесни каде сте ја ставиле. Преку вакви мали нешта ја развивате свесноста. Таа не се развива само со седење во позиција за медитација, правење пранајама или некоја друга практика. На почетокот, полесно е да се стане свесен за постапките. Потоа, кога ќе ја развиете свесноста за вашите постапки, постепено станувате свесни за вашите зборови: што кажувате, кога кажувате, на кој начин и зошто? На овој начин, се приближувате до вашите зборови кои доаѓаат од вашиот ум, од вашите мисли и емоции и повтрно се поврзувате со вашите постапки, вашето однесување, вашите мисли и вашите емоции. На овој начин сте свесно присутни или вежбате мајндфулнес (термин кој денес често се користи за предходно опишаната постапка на зголемување на свесноста). И сето ова се случува сосема спонтано. Вие стекнувате навика без никаква интервенција на умот и тоа ве подготвува да ја следите вашата дарма.
А да ја прочистите вашата совест, најдобриот начин е да направите карма јога. Добро е да сакате да им помагате на другите луѓе. Но, ако навистина сакате да им помогнете, прво мора да заборавите дека им помагате. Ако останете приврзани за своето „Јас, Јас“, само се залажувате себеси користејќи ги другите луѓе. И како и многумина, ќе се наполните со фрустрации само затоа што ќе си велите дека никој не ви покажува никакво признание за сето она што го правите, за другите луѓе. Ако се одвоите од ова „Јас“, веќе нема да треба да се прашувате кому и како би можеле да помогнете. Помошта ќе поминува низ вас. Па таа може да биде дури и обична насмевка, обичен збор или лесен допир на нечие рамо за да не се чувствува сам во животот.
Затоа, дармата значи да бидете искрени со себе. Ова Вас ве прави понизни и кога ќе станете искрени и чисти, вие сте инструментот. И тоа е сè што треба да правите во овој живот за да изградите добра карма.
Љубов и светлина за сите.
за авторот: Билјана е основач на брендот Healthy Life Skills & Healthy Yoga каде држи семинари, ретрити, активни одмори, обуки и часови за намалување на стресот и напнатоста кај модерниот човек употребувајќи сеопфатен (холистички) пристап во работата со индивидуалците и групите. Тексот е авторски и не е одзволено копирање на делови од истиот без предходна дозвола.
Настани и активности во наредни месеци:
ОНЛАЈН ЈОГА часови Старт 1 Февруари 2024
“Mental Detox” бесплатен предизвик Старт 16 Февруари 2024
Хелти ЈОГА ретрит во Ќерет , Албанија– 23-26 Мај 2024