Ексклузивна десет неделна програма за постигнување на ментална, емотивна, физичка и духовна рамнотежа наменета за сите оние кои ја имаат изгубено својата лична моќ, самодоверба и среќа во животот.

Инспирирана од мојата досегашна работа и желбата да помогнам на сите оние кои се чуствуваат заглавени во својот живот – на било кое поле и ја изгубиле својата лична моќ и самодоверба, креирав  програма за постигнување на ментална, емотивна, физичка и душевна рамнотежа преку практикување на методи за подобрување на севкупното здравје и добробит.

Почнуваме на 07 Февруари 2021 – Завршуваме на 11 Април 2021 

Краен рок за пријавување 04.02.2021 , групата е затворена. Обезбедете го вашето место на време.

Поради севкупната ситуација оваа програма е специјално адаптирана за работа од дома. Без разлика што времето за секој еден од нас е се уште несигурно, и има се повеќе депресија, анкциозност, неприфаќање, тага, или заглавеност во животот,  Ви ветувам дека преку оваа програма Вие ќе влезете во контакт со себе но и во контакт со вистинска група на луѓе, кои имаат исти желби и тежненија, иста цел, да се подобрат на својот личен пат и да се исполнат со мир, среќа и личното задоволство.

За да се приклучите на оваа програма не е потребно да имате предходно искуство на работа на себе или искуство со медитација. Оваа програма можат да ја посетуваат и почетнии и напредни практиканти. Се што ви треба е да имате стабилен интернет и два часа време за себе во неделата.

ШТО ДОБИВАТЕ СО ВАШЕТО УЧЕСТВО

ВОДСТВО ОД ЕКСПЕРТ

Билјана Пешева е сертифициран тренер по Законот за образование во Република Македонија со искуство во работа со групи и поединци повеќе од 10 години. Таа е позната по својот уникатен личен и професионален пристап во водењето на своите програми, курсеви,семинари и ретрити. Нејзиниот простап е холистички (сеопфатен) и насочен кон подобрување на целокупната состојба на личноста. Таа од 2013 година води јога часови за физичко и ментално здравје, тренинзи и обуки за подобрување на комуникацијата и развој на меки вештини, тим билдинзи како и медитации по методот на психологот Филис Кристал.

ВОДСТВО ВО ЖИВО 

  • 10 недели – 10 дво-часовни сесии онлајн во живо
  • 10 Лекции за подобрување на металното,емотивно, физичко и душевно здравје
  • 10 Водени медитации
  • Можност да ги гледате сесиите за цело време траење на курсот.
  • PDF материјали и инструкции
  • Вежби за работа
  • Сертификат за завршна програма за подигнување на свеста за менталното здравје “Elevate Mental Health Awareness”

СОДРЖИНА НА ПРОГРАМАТА

  1.  Контрола на свесниот ум
  • Свесниот ум е тој кој ја има моќта врз старите обрасци на мислење. Преку оваа лекција ќе научите како да се поврзете и препуштите на внатрешното водство а преку медитацијата ќе научите како да се ослободите од старите обрасци на вашиот Ум.
  1.  Енергетска само-заштита
  • Ќе научите методи и техники за заштита од надворешните влијанија,  проследено со медитација за само-заштита
  1.  Поврзување со твоето тело  
  • Преку оваа лекција Вие ќе ги видите и елиминирате Вашите стравови поврзани со вашето ментално, емотивно и физичко тело. Но, ќе дојдете и до вашето спиритуално тело кое е е полно со светлина и мир. Преку оваа лекција и медитација а вие ќе научите нови начини за поврзување со него и водење на исполнет и среќен живот .
  1.  Поврзување со Повисоката Свесност
  • На свесно ниво мудроста која лежи во вас е заборавена, но преку оваа лекција и  медитација Вие ќе научите како лесно да се поврзете и ја повикате кога вам Ви треба.
  1.  Oслободување од врските кои ограничуваат
  • Секој човек преку папочната врска е поврзан на физичко ниво со својата мајка. Иако  таа врска се прекинува на физичко ниво,  таа останува да постои на енергетско ниво. Покасно во животот, преку емоциите се врзувате со други луѓе, па со оваа лекција ќе научите како да се одврзите од енергетските врски кои ве спречуваат автентично да живеете.
  1.  Oслободување од минатите животи
  • Сите стравови и случки, за кои Вашиот свесен ум нема одговор, се кодирани и постојат во вашето спиритуално тело. Преку оваа лекција и медитација ќе се вратите во минатите животи и ќе успеете да ја ослободите од себе таа закопана енергија  и ќе се стекнете вредност и знаење кое ќе го користите во овој живот.
  1.  Отварање на Внатрешното Око
  • Интуицијата овозможува да ги гледате работите онакви какви што се, гледајќи ги целосно – од сите агли, без толкувањето на вашиот ум. Преку оваа лекција Вие ќе го отворите вашето  внатрешно (трето) око и ќе научите како да ги гледате работите на друг начин.
  1.  Исцелување
  • На сите нас ни треба внатрешно исцелување. Тоа може да биде физичко емотивно или ментално.  Преку оваа лекција Вие ќе научите како да се поврзете со божествената лекувачка енергија , да се прочистите и исцелувате себе и своите чакри.
  1.  Примање
  • Многу луѓе можат да дадат многу работи од себе но многу тешко можат и знаат да примат нешто за себе самите. Ова лекција ќе ви помогне да ја зајакнете вашата самодоверба и ќе ве научи да примате безусловно.
  1. Повторно раѓање и водење на извонреден живот
  • Исто како во вистинското раѓање вам Ви е потребна помош за спиритуалното раѓање. Оваа медитација пожелно е да се направи кога сте на крај на некој циклус или започнувате нов циклус.

Во цената е вклучено:

  • 10 недели – 10 дво-часовни сесии онлајн во живо
  • 10 Лекции за подобрување на металното,емотивно, физичко и душевно здравје
  • 10 Водени медитации
  • Можност да ги гледате сесиите за цело време траење на курсот.
  • PDF материјали и инструкции
  • Вежби за работа
  • Сертификат за завршна програма за подигнување на свеста за менталното здравје “Elevate Mental Health Awareness”

АЖУРИРАНО:

Групата е формирана и е од затворен карактер. За други програми следете не овде и на социјалните медиуми.