logo

Јогата носи рамнотежа во животот

Современата медицина тврди дека поголемиот број болести – отприлика 80% се од психо-соматско потекло. Тоа би значело дека во најголем број болестите се предизвикани од стрес. Станува збор за: несоница, напади на паника, главоболки, болку во желудник, алергии, висок кривен притисок, астма, кардиоваскуларни болки, болести на коските и скелетниот систем, хормонални пореметувања. Напнатиот и нервозен човек не е прилагодлив и не е во равнотежа.

Целта на Јогата е да донесе рамнотежа во животот.

Здравјето е нашето најголемо богатство и во сочувување на нашето здравје јогата има непроценлива вредност. Со помош на јогата ние го истегнуваме, јакнеме и обликуваме мускулно – скелетниот систем и на тој начин полека го исправуваме ставот (држењето) на телото, го  подобруваме здравје и правилно ги повзуваме телесните функции.

Самиот збор ЈОГА означува – единство, поврзаност.

Јогата е соединување на три работи: дишење, внимание и положба на телото или единство на телото, духот и умот.

Дишење:

Од големо значење е да научиме правилно да дишеме. Дишењето преку нос истовремено го филтрира и го загрева воздухот, пред да дојде до плуќата. Кога воздухот правилно ќе се повлече преку ноздрвите активираме процес на прочистување и чувство на опуштеност,  кое се проширува преку соларниот плексус на целата физиологија. За таа цел на нашите часови изучуваме повеќе техники за дишење т.н пранајами.

Положбa на телото:

Практикуваме асани или положби на телото.Позициите ги изведуваме правилно но во границитена пријатност и можности на телото. Секогаш го пратиме сопственото тело и не ги преминуваме границите на нашите можности. Затоа јогата е дисциплина која е препорачана за сите возрасти. За таа цел на нашите часово изведуваме лесни и средно тешки хата јога вежби наменети за физичко, ментално и емотивно отпуштање и враќање на балансот.

Внимание:

Ако сме присутни (а треба да сме) додека вежбаме, никогаш нема да се повредиме и многу брзо може да напредуваме. Внимание значи активно присуство во сегашниот момент. Мајндфулнес.

Запомнете јога вежбите имаат целовито дејство бидејќи дирекно влијаат врз урамнотежување на духот и телото

Layer 1