Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Активен одмор

Јога интензив во Крушево

  • 15 Окт, 2020
  • Com 0

Во период 10-13 октомври 2020 година, се одржа семинар Wellness & Yoga ретрит во хотел Монтана Крушево.

Во четрите дена имавме четристотини активности затоа со право овој ретрит го нарековме Јога интензив !

Уживавме во јога вежбите, во медитациите во природа, пешачевме низ Крушево,  имавме задачи кои требаше да ги исполниме и тимски се натпреварувавме, бевме на концерт на класична и духовна музика во црвката св.Никола во Крушево, се искачивме на Мечкин камен, гледавме параглајдери како летаат, имавме јавање на коњи околу Крушевското езеро, навечер имавме работилници и откривавме колу сме извонредни во животот, на крај дури и оро изигравме 🙂.

Сѐ на сѐ беше прекрасно и навистина јога-интензивно !

Сликите сами по себе кажуваат. Ви благодарам на сите на неуморната енергија и љубов која беше незаборавна за сите нас.

Од анономните прашалници кои учесниците ги пополнија на крајот на ретритот ги извлековме следните заклучoци и одговори:

На овој ретрит учествуваа  21 јога ентузијасти и љубители на природата.

87% од учесниците беа од женски пол а само 13% беа од машки пол. Од вкупниот број учесници на семинарот  40% беа на возраст од 51-65 години, 47% беа во групата од 35-50 години и 13% беа лица на возраст од 21-35 години и 3%.Од возрасната група одн 0-20 у над 65 години немаше присутни.

Од вкупните учесници 73% беа со факултетско образование 20% беа со повисоко образование, магистер/доктор и 7% беа со пониско образование.

Во однос на предходното искуство со јога вежби учесниците се изјаснија дека:  13% од нив  вежбаат од 3-10 години, 40% вежбаат  од 0-1 година, 27% од 1-3 години, и  20%  прв пат се сретнуваат со јогата.
Учесниците ја оценија логистиката и организацијата на целиот семинар со три можни одговори, слаба, доволна и добра со следните оценки:

Наредното прашање се однесуваше на оценка на јога вежбите, дали беа многу лесни, тешки или да дадат свое мислење. Сите учесници се изјасниле дека рамномерно беа распределени вежбите. А што се однесува до мислењето за јога сесиите  најчести одговори се: интересни, одлични, презадоволна сум.

Следното прашање се однесуваше на вечерните работилници при што на 66%  им се допаднаа а 34% одговориле дека немаат став.  Неколку учесници дадоа и свое мислење кое се сведува на тоа дека овој тип на активност бил одличен во комбинација со тимски вежби и природа.

Следното прашање се однесуваше на содржината на семинарот односно за балансот меѓу јога вежбите и тимските активности. Најголем дел односно 93% одговориле дека е добар балансот меѓу јогата и другите активности , а 7% рекоа дека имало премногу тимски активности, Во коментар имаше задоволство од инструкторот Билјана Пешева и изрази на благодарност.

На прашањето во кој степен се постигнати очекувањата од семинарот  92 % одговориле дека во голема степен се постигнати очекувањата  од семинарот а само 8% одговориле дека има премногу активности. Во коментарите имаше изјави дека се беше супер, уживав и се беше избалансирано , бев без очекувања а на крајот бев многу задоволна, и други позитивни изјави.

На прашањето за впечатоците што ги оставил семинарот како  едно отворено прашање на кое учесниците требаше да напишат нивни впечатоци за тоа кои техники им оставија најдобар впечаток  имаше повеќе одговори кои се повторуаа, како техника на дишење, јога и медитација, вежби за истегнување, водени медитации, вечерните работилници. Секоја техника си има своја важност  и убавина е одговорот на еден учесник кој прв пат доаѓа на ваков вид програма.  

Како отворено прашање беше и  забелешки кои ги имаа учесниците во насока на подобрување на семинарот. Овде учесниците немаа забелешки со оглед на тоа дека се беше осмислено претходно и одлично подготвено, треба почесто да се случуваат вакви семинари, а вежбањето да почнува малку покасно.

Општ впечаток е дека кампот и неговата реализација се остварија  одлично со високо ниво на  професионализам на задоволство на сите учесници

На прашањето дали би дошле на ваков семинар повторно, сите 100% од учесниците кои го пополниле прашалникот одговориле позитивно.

На прашањето што беше поставено да се оцени работата на инструкторот Билјана Пешева  односно нејзината јасност, разбирливост употреба на визуелни средства, користење на практични примери како и интеракцијата со учесниците, одговорите беа како што следува во следната табела.

За секој елемент беше дадена можност да се заокружи 1 (слабо), 3 (доволно) и 5 (добро)

Како што може да се види јасноста на зборувањето, разбирливоста на инструкциите , знаење и стручност за работа со луѓе и интеракцијата со учесниците, беше оценета со високи оценки.
На крај беше дадена можност да се напише анонимна порака до инструкторот со цел подобрување , и тука беше позитивно мислење од повеќето учесници.
Продолжи со таа енергија,
Професионалност и ентузијазам да ја вршиш таа работа и да го пренесуваш твоето знаење на другите, бидејќи не е лесно да се работи со група луѓе со различни погледи на светот и со различни навики
Фала за твојот труд,
Продолжи по патот на совршенството
Ова беа само неколку  издвоени мислења од учесниците .
Се гледаме на наредниот јога интензив !  Скопје, 16.10.2020

Тагови:
#biljanapeseva#emotionalfreedom#healthylifeskills#healthyliving#healthyyoga#krushevo#meditaion#mountain#teambuliding
Споделете на:
Толку близу до небото, а сепак длабоко закотвени на земјата – Јога во Лазарополе
Јога поздрав од 1.480 метри надморска височина

Оставете Одговор Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Последни постови

Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025
Thumb
Кога Мајката простува: Моќта на безусловната љубов
02 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (166)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се