Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Активен одмор

Јога активен одмор во Грција

  • 28 Јул, 2022
  • Com 0

Седумдневен активен јога одмор наменет за подобрување на вашето психичко, емотивно и физичкото здравје.
Jога одморот ќе го држиме во прекрасната Фурка во ексклузивниот ALL EXCLUSIVE хотел Tropical 4* на полуостровот Касандра, од 08.06.22 -15.06.2022 (7 ноќи)
Наслов на овој активниот одмор е “Активирај го детето во себе” па целата програма ќе биде насочена кон:
1. Будење на “детето” во себе и активирање на вашите природни потенцијали
2. Ослободување на акумулираниот стрес и напнатост
3. Подобрување на емотивното, психичкото и физичкото здравје
Програмата ќе биде составена од Јога вежби и техники на дишење за активирање на виталната енергија во себе, тим билдинг активности за будење на потенцијалите во себе и излегување од зоните на конфор, спортски предизвици за подигање на виталната енергија и работилници за раст и развој за балансирање на сопствените емоционални и ментални блокади, проследени со плажа, сонце и море.
.На овој ретрит ќе научите техники и вежби за намалување на стресот и ќе стекнете вештини за унапредување на сопствената социјална комуникација преку активна и забавна содржина/
Дури и да немате друштво придружете се бидејќи ова е одлична можност да запознаете со нови лица, кои не сте во можност да ги сретнете во вашето секојдневие !
Умот, емоциите и телото се нераскинливо поврзани во еден сложен и жив систем на внатрешна енергија која се одржува и подобрува преку свесна работа на себе и ние токму тоа ќе го правиме на овој ретрит.
Да се потсетеме дека преку јога вежбите го осознавме телото, стануваме свесни за блокадите кои ги имаме на физичко ниво, а преку работилниците за раст и развој ги вадиме од себе емоционалните и менталните содржини кои ни го кочат сопствениот развој.

Дата на одржување:
08.06.22 -15.06.2022 (7 ноќи)
Сместување хотел Tropical 4* Фурка
Погледнете го видето за сместувањето и хотелот https://www.youtube.com/watch?v=37DwTGWTJrI
Услови и цена:
Вкупна цена на: (1) сместување + (2) јога активен одмор  изнесува:

a. 1/2 соба 310 евра (19.150 мкд) по лице

b. 1/3 соба 275 евра (17,000) по лице

Во цената е вклучено:
– 7 Ноќевања во двокреветни и/или трокреветни соби
– Храна All Inclusive (доручек, ручек, вечера + бар, ужина, пијалоци)
– Хата јога часови наутро и навечер
– Работилници за раст и развој навечер
Уплата може да ја вршите дирекно на жиро сметка СУНА Хелти Лајф: 300000000379694 во Комерцијална Банка или во агенцијата по ваш избор.

Но, задолжително е да го резервирате вашето место со уплата на учество на седумдневната јога програма за да ја добиете нашата поволна цена во агенцијата.
Последен рок за пријава 15 Мај 2022
Превозот НЕ е вклучен во цената. Постои можност да организираме автобус или комбе. Цената на превозот зависи од бројот на пријавени но и од промената на цените на горивото. За ваша ориентација согласно последните промени, цената за превоз до Грција во месец Март изнесува ориентационо 45 Евра.
Храна
Хотел Tropical нуди услуга All Inclusive според политиката на хотелот. На гостите им е на располагање услугата во хотелот во периодот од 11.00 до 22.00 часот според следниот распоред:
• Појадок на база шведска маса, во периодот 07.30-10.00h (кафе, чај и сокови)
• Ручек на база шведска маса, во периодот 13.30-15.30h (пиво, сокови, локално црвено и бело вино)
• Вечера на база шведска маса, во периодот 19:30-21:30 часот (пива , сокови, локално црвено и бело вино)
• Бар покрај базен 11.00-22.00 часот
• Ужина 16.00-17.00ч (сладолед)
• Локални пијалоци (пиво, сокови, црвено и бело вино, кафе, чај, узо)
Локација:
Хотелoт Tropical 4* е лоциран на полуостровот Касандра, во Фурка, на околу 1,5 км од центарот на одморалиштето и 1,1 км од морето. Од одморалиштето Сивири е оддалечено околу 4 километри, додека од Касандрa е оддалечено околу 9 километри. Се препорачува за сите оние кои сакаат мирен одмор и песочна плажа.
Содржина на хотелот:
Хотелот се состои од главната зграда и приземните згради околу рецепцијата: лоби, главен ресторан, бар покрај базен, базен, чадори и лежалки покрај базен, игралиште и анимација за деца, паркинг, комарници, бесплатен WiFi ,
Плажа:
Песочната плажа е оддалечена околу 1,1 км од хотелот. Се наоѓа на западната страна на полуостровот, кој е познат по своите исклучително убави плажи. Бесплатно шатл-превоз работи на секои 30 минути за гостите на хотелот. На плажата има два бара .

Туристичка агенција преку која ќе се реализира ова патување е Barcino Tours со туристичка лиценца од А категорија. Туристичката агенција Barcino Tours има голем број филијали во Белград и низ Србија. https://barcino.travel/mk/
Barcino Tours ДООЕЛ Скопје// ЕДБ 4043021531370// Беласица бр.2// EAST GATE -кат 1,Скопје
Информации на healthyyogaskopje@gmail.com или вибер 070234740 или во Barcino Tours

Тагови:
#beach#biljanapeseva#healingyourmind#healthylifeskills#healthyliving#healthyyoga#meditaion#mentalhealtawarness#personaldevelopment#retreat#sea#yogadaily#yogaonbeach
Споделете на:
Викенд семинар во природа "Ослободи се од минатото и изгради нова визија за себе"
10 неделна програма СВЕСНО ЗДРАВЈЕ

Оставете Одговор Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Последни постови

Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025
Thumb
Кога Мајката простува: Моќта на безусловната љубов
02 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (166)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се