СТРУЧНИ ОБУКИ ЗА СТЕКНУВАЊЕ  ИНТЕРПЕРСОНАЛНИ И ИНТЕЛЕКТУАЛНИ ВЕШТИНИ НАМЕНЕТИ ЗА ИНДИВИДУАЛЦИ, РАБОТНИ ОРГАНИЗАЦИИ И ИНСТИТУЦИИ

Доколку сте мотивирани да работите на развојот на човечките потенцијали во вашата организација, ви нудиме целно ориентирани и делотворни обуки за личен и организациски развој.
Професионалниот успех се постигнува со перманенетно надградување на знаењето и вештините на вработените. Но, кај возрасните луѓе процесот на учење е специфичен и се разликува од начинот на кои учат младите и децата. Поради тоа, оние возрасни луѓе кои сакат да совладат нови знаења и ги унапредуваат старите, базично треба да ги унапредат и развијат своите интерпесонални и интелектуални способности, со што создаваат  квалитети кои се неопходни  во секојдневниот приватен и професионален живот се повеќе и повеќе.

Целта на обуките за стекнување на интерперсонални вештини води кон создавање на лидери, тимски работници и ефикасни вработени во Вашата организација. Нашите знаења се во склад со светските трендови за развој на човечките потенцијали и прилагодени на потребите од нашата средина. Обуките се обликувани врз основа на карактеристиките на процесот на учење кај возрасните и ги опфаќаат следните фази: одредување на цел и проценка, планирање, подготовка, презентација и фацилитација, перформанса и евалуација

Реализирани обуки

Реализирани обуки за  Healthy Life Skills

  • Обука за вработени агенти на тема “Комуникациски вештини преку телефон”  за банкарски сектор,
  • Работилници за раст и развој по методот на Филис Кристал (психотерапевт од Јунговата школа)  на тема “Развој на вештини за надминување на врските кои ограничуваат”  во Скопје, Битола, Струмица и Штип,
  • Пет дневна обука во Прага, Република Чешка на тема “Напредни комуникациски вештини” со Стопанска Комора на Македонија, за членовите на комората – бизнис заедницата со цел подобрување на комуникацијата со клиентите и соработниците
  • Петнаесет дво дневни обуки на тема “Обука за развој на формални и неформални начини на соработка помеѓу локалните организации и локалните власти” одржани во градовите Струга, Маврово, Кочани, Куманово, Тетово и Прилеп за потребите на учесниците на проектот “Подобрување на учеството на (по) малите заедници на локално ниво- Делувај.Локално.Сега”.-   финансиран од ЕУ и спроведен од  страна на Националниот ромски центар од Куманово
  • Две  дво-дневни обуки на тема “Градење на тим и решавање на конфликти во мултиетничка средина иопштеството” во Берово, за потребите на проектот “Подобрување на учеството на (по) малите заедници на локално ниво” финансиран од ЕУ и спроведен од  страна на Националниот ромски центар од Куманово
  • Oбука “Градење на тим и комуникациски вештини” за вработените од Агенцијата за млади и спорт, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје
  • Oбука “Развој на комуникациски вештини” за членовите на локалните младински совети од Скопје, Битола и Кичево , со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје
  • Семинар  “Управување со проектен циклус” за вработените од Агенцијата за млади и спорт, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје
  • Обука на проект за развој лидерски способости и меки вештини за претставаници од  локалните лидери-учесници од проектот  “Домувањето на Роми и права за одржлив урбан развој” во Охрид и Кавадарци, подржано од Хабитат Македонија и ЕУ
  • Тренер на тема “Решавање на конфликти” за  волонтерите на  Уметност на живеење  од Скопје
  • Тренер за “Развој комуникација вештини” на  Јога ретрит  за Уметност на живеење во Пониква, Кочани
  • Меѓународен консултант и тренер  за општината Прозор Рама  на тема за “Развој на бизнис планови и пишување на проекти”, обукa наменета за преставници на општината и локалната агенција за развој (ЛРК) на општина Прозор Рама подржано од GiZ Босна и Херцеговина
  • Тренер за “Разрешување на конфликти и преговори” по повод Светскиот ден на Мир-от, подржано од  Уметност на живеење – Скопје.
  • Тренер и инструктор за  “Вештини за управување со стрес” за Уметност на живеењето преку примена на јога практики во Пониква, Кочани
  • Тренер на тема “Подобрување на квалитетот на професионален и личен живот преку тимска работа” за преставници од граѓанската органзиација “Рома СОС” – Прилеп
  • Обучувач на конференцијата  MACMUN Македонски модел на ОН во Економскиот факултет во Скопје
  • Обучувач  за “Техники за справување со стрес”  на “Skopje Body Mind and Spirit фестивал”  во Скопје
  • Обучувач и општествено-економски истражувач за “Кампања и план за намалување на сиромаштијата и гладот за враќање на човековото достоинство” проектот Банка за храна и СУНА Асоцијација Скопје
  • Тренер за меки вештини во рамките на банкарско едукативното училиште за обуки наменети за  вработените на тема  комуникација, преговарање и градење на тим и тимска работа

Повеќе информации и слики на Facebook фан страната

Г А Л Е Р И Ј А