СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА СТРЕСОТ И НАПНАТОСТА ПРЕКУ  ВЕЖБАЊЕ ЈОГА И ПРАКТИКУВАЊЕ ТЕХНИКИ ЗА ДИШЕЊЕ

Доколку сте мотивирани да работите на полето на сопствениот ментален и физички напредок и да се ослободите од секојдневниот стрес, повелете на работилницаи и редовни часови за стекнување на вештини за физичко и ментално опуштање, преку практикување на јога вежби и техники за дишење.

Вежбите се наменети за сите современи и динамични луѓе како и за оние кои имаат акумулирано во себе напнатост или стрес и имаат потреба да се ослободат од истото.

Здравјето е наше најголемо богатство и во сочувување на нашето здравје редовно вежбање на јога вежби и техники за дишење има непроценлива важност. Со помош на јога вежбите ние ја истегаме, зајакнуваме и обликуваме мускулната и скелетна градба а на тој начин го корегираме држењето (ставот) на телото, го подобруваме здравјето и ги поттикнувме сите телесни функции.

Целта на јога вежбите и техниките за дишење е да се врати рамнотежата во телото и умот.

Како резултат на редовно вежбање на јога:

  • се намалува нивото на акумулиран стрес во телото и умот;
  • се зголемува мотивацијата и ентузијазмот на личен и професионален план;
  • се поттикнува самодовербата;
  • се подобрува здравјето;
  • зголемува личната продуктивност и способност.

Да не заборавиме дека современата медицина тврди дека поголемиот број на болести  се од психосоматско потекло, кои најчесто се предизвикани поради влијание на долготраен стрес.  Овие болести (несоница, напади на паника, главоболки, болки во желудник, алергии, висок крвен притисок, асма, кардиоваскуларни болести, болести во коските и скелетниост систем, хормонални преметувања и др)  се рефлектираат секојдневно врз нашето физичко, емоционално и  ментално тело. Нашето здравје е комплексно, и во себе вклучува грижа за повеќе аспекти: подобрување на физичко, емоционално и ментално здравје, внимавање на исхраната, детоксификација од дигиталната технологија, дружење со позитивни луѓе и др.

Грижете се за сопственото психо-физичко здравје и пријавете се на учество на  Healthy YOGA редовните часови.

Покрај тоа може да се приклучите на нашите Wellness & YOGA & Digital Detox  семинари  ретрити и кампови .

АКТИВНИ СЕМИНАРИ  ЗА РАБОТНИ ОРГАНИЗАЦИИ

Организираме викенд семинари, ретрити и т.н “Aктивен одмор” наменет за работни организации и индивидуалци,  кое е комбинација на програма за развој на интерперсонални вештини кај вработените преку тим билдинг активности и практикување на јога вежби и техники за дишење, преку која учесниците ќе станат способни да  препознаат и употребат нови начини за  унапредување и подобрување на сопственото психо-физичко здравје, а се наменети за подигнување на ентузијазмот, мотивацијата, тимската динамика и зголемување на задоволството и ефикасноста на работата на вработените.

Контактирајте не за повеќе детали !

Г А Л Е Р И Ј А