Раскинување на врските кои не ограничуваат

– нешто повеќе за методот на Филис Кристал –

Филис Кристал  е психотерапевт од  школата на Јунг и Ериксон, автор на голем број книги  и  креатор на психолошките техники за ослободување на лажените  врски, идентитети и негативните програмирања кои луѓето ги градат во текот на својот живот.

Таа е родена е во  Лондон во 1914 година, но најголем дел од својот живот го поминала во Лос Анџелес, Америка. На возраст од 91 години во 2004 година поради  својата работа се сели во Минхен, Германија а покасно на возраст од 95 години (2008) се преселува во Цирих, Швајцарија. Умира  на возраст од 102 години во Декември, 2016 година во своето родно место  во Англија.

Нејзината приказна започнува некаде во касните пеесети години од минатиот век кога заедно со нејзината пријателка Вирџинија  започнуваат да експериментираат со медитации и кретивни визуелизации со цел да се поврзат со изворот на внатрешната мудрост, кого на  крај го нарекуваат Повисоката Свест (Higher Conciseness или Hi C)

Како резултат на оваа техника тие развиваат метод во кој на индивиуалците им даваат алатка како  да добијат помош и водство од својата повисоката свест, наспроти тогашните техники кои нуделе  надворешни извори на сигурност, кои не се трајни.

Покасно на возраст од 58 години тргнува на патување во Индија (1973 г)  каде го среќава  духовниот учител  и мудрец  Шри Сатја Саи Баба. Од тогаш започнува нејзината трансформација и пишување на книги. Своите книги таа ги базирала на  психолошките теории на Јунг и Ериксон и нејзините духовни искуства во Индија. Во научниот дел таа поаѓа од теоријата на Карл Густав Јунг кој го дефинирал колективното несвесно, архетиповите и поимот симбол кој се користи на специфичен начин. Таа исто така ги користи и наодите на Милтон Ериксон, кои довеле до нови сознанија од хипнозата и работата со несвесното, опишувајќи го несвесното како дел во нас кој секогаш слуша и прима сугестии,  и има  своја улога како голем позитивен креативен потенцијал и способност за решавање на проблеми во ситуации, кога свесниот дел на мозокот (умот) е збунет или зафатен со други активности и содржини.  Духовниот дел во книгите настанал како резултат на нејзините длабоки духовни искуства, кои таа ги имала на средбите и разговорите со  Саи Баба. Таа тука ја нашла својата инспирација за пишување на книги и развивање на методот.

Филис-Кристал методата, раскинување на врските се состои од низа на алатки кои  ни помагаат да ја воспоставиме сопствена рамнотежа, движејќи се на патот кон зрелоста и самореализацијата. Оваа метода се заснова на користење на симболите како оружје со чија помош остваруваме контакт со несвесносто преку визуелизација и медитација.

Основните симболи кои ги користи Филис Кристал методата се осмицата, тоа е симбол со кој го штитиме својот психички простор и просторот на другите луѓе.  Во основата на осмицата се две едноставни мандали. Мандалата е круг во чие средиште се наоѓа точка. Таа точка е всушност нашето седиште, место на кое директно сме поврзани со себеси т.е со нашата свесност.  Кругот е нашата граница во однос со надворешниот свет.  Друг важен симбол кој го користи е Мајското дрво. Тоа ни помага внатрешно да се поврземе со сопствениот извор на сила, мудрост и енергија, кој таа го нарекува Високото Ц (High consensuses)

Постојат уште низа многу едноставни симболи кои Филис Кристал ги смислила како полесно би се стапило во контакт со несвесносто, а како најважен дел од нејзината работа секако е  ослободувањето од старите врски и модели на однесување, кои ги имаме добиено од своите родители, браќа, сестри и/или други значајни личности во нашиот живот.

Овие техники се состојат од низа едноставни вежби преку кои се одврзуваме од луѓето кои ни го контролираат било кој аспект од нашиот живот, како и од некои стари навики, образци на однесување, чувства и мислења кои не врзуваат за минатото и не спречуваат да ја употребиме целата наша сила за да создадеме убава и добра иднина за нас и да бидеме тоа што навистина сме. За да ги користиме и научиме овие техники не ни е потребно претходно знаења. Потребна е само желба за промена.

Како што вели самата Филис Кристал во едно од своите книги,  оваа метода му помага на личноста да стане целосно независна и самореализирана како човечко битие кое се потпира на сопствениот внатрешен извор на сигурност и мудрост кој е  достапен за секого.  Оваа метода таа ја опишува како константно патување и исктажување на внатрешните содржини, и истата не е наменета само за психотерапевти, туку и за било кој човек кој сака да внесе промена  во својот живот.

Освен во Путапарти, Индија  каде што можеше да се види често,  Филис Кристал на возраст од 89 години има дојдено во Македонија во Април, 2001 година како гостин на Г-ѓа. Ели Диновска кога одржа голем семинар за одврзување на врските во хотел Средно Водно кој беше посетен од повеќе од 200 луѓе

Оние кои сакаат да ги развијат сопствените вештини за раскинување на врските по методот на Филис Кристал можат да се пријават на оваа страна и да учествуваат на работилниците “Раскинување на врските кои не ограничуваат” кои редовно се одржуваат.

Филис Кристал во Скопје,  2001 година

  • МАГИЧНИОТ КРУГ НА ПРИЈАТЕЛИ

Пријателите се една од најважните работи во нашиот живот. Mожеме да живееме без партнер, без фамилија, но ако немаме пријател/и повеќето од нас би биле цело време незадоволни, а осаменоста би била наш секојдневен придружник.

Но, зошто ни се потребни пријателите ?

Пријателите ни служат да ја задоволиме својата потреба за споделување на сопствените животни искуства. Преку пријателите учиме за себе но и за животите за другите луѓе. Еден искрен пријател споделува и добри и лоши искуства а вие дознавате како може една ситуација која вие знаете дека се решава на “овој” начин да се реши на сосема друг начин. Се разбира ова важи ако умеете да учите преку искуствата на другите! Но, дури и да учите само од своите искуства пријателите ни служат како огледало на самите себеси. Не соочуваат со нашите слабости и нашите доблести. Па не е залудно кажано “Погледни му ги пријателите и ќе знаеш се за тој човек “

Е сега, кои ни се вистински пријатели ?

Нацртајте една бесконечна отсечка и ставете се себе си во средина. Сега поставете ги лицата кои ви се пријатели еден по еден во ред, некои пред вас, некои позади вас . Некој ќе бидат во поблиску во “сантиметри” до вас, некои кои се за “кафе” или за “работа’  па ќе бидат  подалеку  и така натака… Клуч на распределбата дали некого да го поставите блиску или не до вас, нека ви биде: “Дали со тој човек би изградил куќа“?

Е сега по ист принцип размислете, за оние кои ви се најзначајни, запрашај се, како сте вие поставени во нивниот живот, во нивната отсечка, блиску до него/неа или подалеку? Тука може да се изненадите , ако сватите дека некој кој вие сте го ставиле веднаш до вас,  вие нему сте му на неколку ‘сантиметри” подалеку.  Овој увид ќе ви помогне да се прилагодите и  позиционирате во однос на пријателите, да  бидете сразмерно на исто ниво или позиција. Така нема да имате повеќе недоразбирања со себе или со нив. Точно ќе знаете каде е вашето место и каде сте вие позиционирани во нивниот живот. Ете толку е едноставно ! Се разбира еднаш нацртан план на пријатели е менлива категорија и зависи од животниот циклус во кој се наоѓате, некогаш некој пријатели ни доаѓаат напред потоа одат во назад и одбратно, некогаш пак некој “нов” го позиционираме одма до нас. Живот е динамичен и полн со трансформации, некогаш тоа е нагло заљубување некогаш голема загуба, и сето тоа е ок , бидејќи живот се движи!

Пријателите се една од најважните работи во нашиот живот. Mожеме да живееме без партнер, без фамилија, но ако немаме пријател/и повеќето од нас би биле цело време незадоволни, а осаменоста би била наш секојдневен придружник.

Но, зошто ни се потребни пријателите ?

Пријателите ни служат да ја задоволиме својата потреба за споделување на сопствените животни искуства. Преку пријателите учиме за себе но и за животите за другите луѓе. Еден искрен пријател споделува и добри и лоши искуства а вие дознавате како може една ситуација која вие знаете дека се решава на “овој” начин да се реши на сосема друг начин. Се разбира ова важи ако умеете да учите преку искуствата на другите! Но, дури и да учите само од своите искуства пријателите ни служат како огледало на самите себеси. Не соочуваат со нашите слабости и нашите доблести. Па не е залудно кажано “Погледни му ги пријателите и ќе знаеш се за тој човек “

Е сега, кои ни се вистински пријатели ?

Нацртајте една бесконечна отсечка и ставете се себе си во средина. Сега поставете ги лицата кои ви се пријатели еден по еден во ред, некои пред вас, некои позади вас . Некој ќе бидат во поблиску во “сантиметри” до вас, некои кои се за “кафе” или за “работа’  па ќе бидат  подалеку  и така натака… Клуч на распределбата дали некого да го поставите блиску или не до вас, нека ви биде: “Дали со тој човек би изградил куќа“?

Е сега по ист принцип размислете, за оние кои ви се најзначајни, запрашај се, како сте вие поставени во нивниот живот, во нивната отсечка, блиску до него/неа или подалеку? Тука може да се изненадите , ако сватите дека некој кој вие сте го ставиле веднаш до вас,  вие нему сте му на неколку ‘сантиметри” подалеку.  Овој увид ќе ви помогне да се прилагодите и  позиционирате во однос на пријателите, да  бидете сразмерно на исто ниво или позиција. Така нема да имате повеќе недоразбирања со себе или со нив. Точно ќе знаете каде е вашето место и каде сте вие позиционирани во нивниот живот. Ете толку е едноставно ! Се разбира еднаш нацртан план на пријатели е менлива категорија и зависи од животниот циклус во кој се наоѓате, некогаш некој пријатели ни доаѓаат напред потоа одат во назад и одбратно, некогаш пак некој “нов” го позиционираме одма до нас. Живот е динамичен и полн со трансформации, некогаш тоа е нагло заљубување некогаш голема загуба, и сето тоа е ок , бидејќи живот се движи!

  • КАКВА ЕНЕРГИЈА ИМА ТВОЈАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА?

Со години луѓето го мерат својот коефициент на интелигенција т.н IQ (ај-кју), за да добијат доказ за тоа колку се “паметни”. Во некои општествени кругови, сметаат дека висок коефициент на интелигенција значи престиж и моќ. Имајќи го во предвид фактот дека коефициентот на интелигенција претставува способност на човекот да размислува и логички да резонира во исто време, да се има висок коефициент на интелигенција би значело дека некој е многу паметен. Но, зошто тогаш луѓето со висок коефициент на интелигенција имаат имаат ментални и/или социјални проблеми?

Без разлика дали барате животен партнер или нов вработен за вашата фирма за да процените дали некој е комплетен како личност, освен IQ, потребно е да ги процените кај избраната личност: коефициент на емоционална интелигенција EQ и коефициентот на витална интелигенција VQ.

Овие два нови индикатора се показатели на базични потенцијали кој личноста ги има, а кои дирекно влијаат врз начинот на кој личноста го живее животот, како работи, каков ентузијазам има, како комуницира, итн. Од степенот на развиеност на овие два индикатори на некој начин можеме да го одредиме победничкиот, баналниот или губитнички став на личноста за себе, за животот, за работата или партнерите.

Значи, за да можете да бидете во хармонија со себе и со околината повеќе не е важно да имате висок IQ, туку да имате исто така висок EQ и VQ . Всушност како и се во животот, трикот е да создадете баланс на овие три “енергии”.

Што е коефициентот на витална интелигенција VQ ?

За да разберете за што зборуваме овде, да го земеме примерот на нашиот организам кој е систем во кој сите органи (срце, мозок, желудник, итн) заеднички работат за да може да останете живи. Сепак иако сите ние ја имаме истата содржина во себе, тенденцијата за живот не е иста кај сите нас. Некои луѓе изгледаат како да имаат поголем апетот за животот, Нетрпеливи се, асертивни, динамични, превземаат ризик, понестабилни се од другите луѓе, итн. За овие луѓе велиме дека имаат висок степен на Витална интелигенција. Зошто? Бидејќи нашиот степен за витална интелигенција е основен индикатор на нашиот идентитет! Тој ни го дефинира степенот со кој ние сме мотивирани да го негуваме нашиот животен план, тоа е тоа што не тера од внатре и не бутка да превземеме акција и делуваме потоа. Нашата Витална интелигенција е наш апетиот за живот ! Ако имаме ислучително низок VQ постојано ке се обидуваме да избегнеме тешки ситуации, бидејки нема да имаме енергија да се соочиме со нив. Од друга страна пак, низок VQ е важен бидејки ни обезбедува, базична контрола и трпение, особено кога се соочуваме со предизвици и тешкотии во животот.

Но дали знаете дека виталната интелигенција се подига со редовно практикување на вежби за физичко и ментално здравје, еве на пример како што е јога-та.

Што е коефициент на емоционална интелигенција EQ ?

Емоциите се манифестираат преку комуникацијата. Обично комуникацијата ја разбираме како рационален процес, со што преку зборови се пренесува некој информација. Но, зошто тогаш информациите се забораваат или погрешно се разбираат. Тоа е затоа што вербалната комуникација поминува низ нашите емоции или чувства. А нашите емоции се начин на кој ние ги информираме другите за напредокот во нашиот живот.

Сите наши емоции укажуваат на различни апекти во нашиот живот а нашиот конефициент за емоционална интелигенција го мери целокупениот потенцијал да продолжиме да живееме независно дали сме успеале во тоа или не. Колку повеке имаме позитивен ЕQ толку сме во подобро расположение и поголема е нашата шанса да преживееме и да се прошириме. ЕQ го покажува степенот на нашите емоции во сега и овде моментот. Но да не заборавиме тие се променливи и во некое идно време сигурно ќе бидат различни.

Е сега бидејки сопствените емоции ве известуваат за тоа на кое ниво сте со вашите животни цели, тие се рефлектираат на вашата работа и личниот живот. Така, се што ви се случува напредокот или падовите на личен план или работа, влијаат врз вашите емоции а со тоа создаваат нови. Свесно или несвесно луѓето ги манифестираат тие емоции каде и да се. Преку нив вие им кажувате на вашиот партнер, директор или пријател, како ви е во животот, дали добро или лошо. Токму поради ова емоциите се критичен чекор во комуникацијата. Оттука за да имате добра комуникација со другите, важно е да научите да комуницирате со себе, да ги читате сопствените емоции, желби и потреби! А за да го научите, ако сте љубител на долги разговори и анализи, може да одите во групи за психолошки раст и развој, додека за оние кои не сакаат да зборуваат за своите емоции со други луѓе, постојат други техники како на пример јога вежби со кои можете да ги видите сопствените емоции и да ги канализирате, се разбира со добар јога инструктор.

Оттука, емоциите и виталната енергија не смееме да ги игнорираме ни кај себе, ниту кај другите. Лицата на нашите сoговорници ни зборуваат, нивниот ентузијазам или отпор исто така, исто како што и ние им “зборуваме’ на нив, преку нашето лице и тело! Вештина да умееш да го “прочиташ” соговорникот некој ја имаат во себе несвесно развиено, додека други пак ја развиваат свесно преку личен раст и развој. Како и да е, се може да научите и променете во животот, само ако доволно многу сакате !

  • НА КОГО МУ ПРИПАЃАМЕ ?

Ние луѓето сме родени во група, живееме во група и се идентификуваме преку нашето чувство за припадност на некоја група. Првиот контакт на новороденчето е преку некоја група – семејство или детски дом, и токму овој контакт станува матрица на однесување, во текот на целиот живот. Човечката егзистенција несомнено е поврзана со припадноста во некоја групата, а тоа ни создава можност за свое лекување или уништување. На пример новороденчето ако е напуштено можно е да не преживее, но и тимот во кој што работиме ако не не прифати, можно е работата да ја изгубиме. Отука припадноста во некоја група е потенцијално најдобар начин за своја своја лична, социјална и професионална промена.

Членовите во една работна организација или на пример, еден нов брачен пар кој штотуку почнува да живее заедно, се лица кои предходно биле формирани како личности и одредени од своите предходни искуства. Многу е важно да знаеме дека сите релации и процеси кои се формираат во една група, се развиваат и трансформираат низ времето. Ниту една релација не е констатна. Таа зависи од многу работи, на пример, од искуствата што сме ги имале во детството, семејните ситуации, работното искуство, возраста, социо културната средина во која сме растени, традицијата, животната енергија и/или животниот циклус во кој се наоѓаме.

Така во една група релациите можат да се подобрат, но и влошат, ако не се адаптираме на промените кои се неизоставен дел од нашиот животен пат.

Преку групата ние учиме за својот однос кон себе, и за тоа како ги градиме релациите со другите членови во таа група. Некои сметаат дека најлесно е да си сам, да работиш и функционираш сам, сепак човекот најмногу созрева кога е во релација со другите. Преку членство во некоја група секој може ако сака да си ги види своите доблести но и своите недостатоци.

Можеби за себе сметате дека сте или не сте член, во некоја група, но за да видите колку е важна свесноста за тоа, дефинирајте на еден лист, лица или групи на лица во вашиот приватен и професионален живот кои се значајни за вас. Потоа, на лист хартија нацртајте онолку кругови колку што имате идентификувано групи и луѓе кои ви се значајни. Една група може ќе биде фамилија, друга некое хоби, трета другари од основно и така натаму. Сега на цртеж изразете го меѓусебното влијание и емоционалната блискост – помеѓу вас и круговите што ги оформивте, некои ставете ги во близина, некои оддалечете ги. Потоа означете го квалитетот на комуникација со тоа што ќе ги обележите врските со линии (подебели и потенки) и симболи (тенки цртички или подебели) помеѓу круговите. Е сега најважното, прашајте се себе си, што јас очекувам од секоја група/личност и што секоја група/личност очекува од мене?

Одговорот на овие прашања ќе ви го покаже степенот на припадност во групите. Погледнете ја убаво сликата и видете ги вашите групи и луѓето кои сте ги избрале. Тоа е важиот живот ! Ако нешто не ви се допаѓа, дозволено е да го смените !

И обидете се да разликувате, припадност во група не значи и автоматска блискост со луѓето. Знаете дека некогаш луѓето може да припаѓаат во некоја група но, не се чувствуваат блиски со луѓето, и обратно, некогаш некои луѓе ги чувствувате многу блиски но не се сме дел од нивните групи.

Таму каде што најмногу ве допира сликата, е таму е полето на ваш раст и развиток! Таму се лекциите кои треба да ги поминете и мудростите кои треба да ги усвоите. Ако некоја група ви е важна а немате чувство на среќен во неа, тоа е полето на вашето растење. Почнете да истражувате во себе и започнете го патувањето кон себе ! Секој почеток е тежок но овој почеток е најважен за вас, тој ќе ве донесе поблиску до себе, до својата автентичност, до местото каде што среќата е константа, независно од околностите и групите во кои припаѓате.