М-Р   Б И Л Ј А Н А   П Е Ш Е В А

М-р Билјана Пешева е професионален обучувач за возрасни со национално квалификуван сертификат за квалификација “Oбучувач за возрасни” со поминато 210 работни часа и национално верификувани сертификати за  “Вештини за комуникација, работа со тимови и групи” со поминато 100 работни часа, и “Управување на стресогени фактори” со поминато 100 работни часа, добиени од Центар за образование на возрасни согласно Законот за образование во Република Македонија.

Билјана е дипломиран економист на Економски Факултет во Скопје и има стекнато доквалификација за педагодија и методологија на Филозофски факултет во Скопје во 1999 г. Магистрира во 2007 година на Економскиот Факултет во Скопје област Маркетинг.  Во своето професионално работно искуство има работено во работни организации во развивање и реализација на проекти за одржлив развој и психо-социјални проекти во граѓански сектор, а покасно работи на проекти за развој на современи технологии од област самоуслужни продукти и канали , што моментално професионално го работи.

Од неформално образование има посетувано едукација и групи за раст и развој од област Трансакциска Анализа во Македонија и Србија, повеќе од 500 работни часа. Трансакциска Анализа е правец во психотерапија која ги проучува интеракциите меѓу луѓето односно нивната комуникација. Основач на Трансакциска Анализа е Др.Ерик Берн и според него вербалната комуникација, особено комуникацијата лице во лице е клучна за врските и односите меѓу луѓето.

Билјана има поминато обука за сертфиикација за “Holistic health and wellness couch” со што има стекнато знаење за холистички (сеопфатен) пристап кон личноста како “Тренер за сеопфатна лична благосостојба”.

Билјана е догогодишен практикант и проучувач на класична јога, медитација и техники за дишење, според учењата на Бихарската школа од Индија. Учител и инструктор е за работилниците “Здив, Вода Воздух” од програмата на Уметност на живеење, и држи обуки, часови и семинари за јога вежби и техники за намалување на стресот и напнатоста кај модерниот човек.

Во моментот води обуки, тренинзи, ретрити, кампови и семинари за развој на интелектуални и интерпесонални вештини за индивидуалци и вработени во работни и граѓански организации, обуки за подготовки на проекти, проектни методологии и програми за поддршка на граѓанскиот и државниот сектор.

Област на експертиза

  • Развој на интелектуални и интерперсонални вештини
  • Физичко и ментално здравје и надминување на стрес преку практикување на јога вежби
  • Развој на вештини за одврзување од врските кои ограничуваат- по методот на психотерапевт Филис Кристал (1914-2016)
  • Сеопфатен личен и професионален развој и благосостојба
  • Развој на претприемаштво и развој на бизнис идеи
  • Маркетинг и промоција

П Р Е П О Р А К И  И  И С К У С Т В О