ПРАКТИКУВАЊЕ НА ЗДРАВИ И ИНОВАТИВНИ

МЕТОДИ ЗА ЛИЧЕН И ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ

Позитивниот и здрав животен поглед кон светот, луѓето и кон себе, не е само романтичен поглед со наивно верување во добрите намери на луѓето и околината, туку проактивна комуникација насочена кон позитивните аспекти на личноста на индивидуите и настаните, со кои сте во секојдневен контакт.  Вештината на пронаоѓање во себе такви зони како и пронаоѓање на исти такви зони кај луѓето и настаните околу вас е предзвик кој може да го постигнете преку обуките за развој на интерперсонални вештини и  вежбите за намалување на стрес со што ќе постигнете подобро физичко, емоционално и ментално здравје.

НОВ НАЧИН НА УЧЕЊЕ И НАПРЕДУВАЊЕ НА ЛИЧНО И ПРОФЕСИОНАЛНО ПОЛЕ 

НАРЕДНИ СЕМИНАРИ И РЕТРИТИ  2019 година

WELLNESS КОНЦЕПТ

http://healthylifeskills.mk/mk/wp-admin/fusion_lightboximage

Сакајќи да направиме вистински одмори за Вас полни со содржина и вежби,  збогатени со усвојување на стари и современи методи за надминување на стресот, учење на нови вештини со цел подобрување на својот личен или професионален живот, Ви предлагаме да овие пролетни месеци ни се придружите на еден или на сите Јога&Wellness Кампови  🙂

Концептот Велнес (Wellness)  е многу повеќе од само гледање на физичкото  здравје,  вежбање или пак исхрана. Wellness  значи  целосна интеграција на својата физичка, ментална и духовна благосостојба. Моделот кој го користиме вклучува развивање на лични социјални, емоционални, духовни, еколошки, професионални, интелектуални и физички капацитети.

Па така, во рамките на програмите, употребуваме активности со кои работиме на подобрување на личната благосостојба, вежбање јога вежби наменети за подобрување на вашето физичко и ментално здравје, практикуваме техники за дишење, имаме работилници за личен раст и развој, тим билдинг активности, некаде ќе планинариме а некаде ќе се бањаме во море или во термални води и базени.

Животна енергија најмногу ја има во природата, па сите предлози за оваа пролет го содржат овој сегмент кој е важен за регенерирање на вашето физичко, психичко и ментално здравје.

Бидејќи се грижиме за вас, предлозите се однесуваат за периоди кога има продолжени викенди.

 

Април 2019

Велигденски Wellness “Планина, Термални води и Јога камп”

26-30 Април 2019 (4 ноќи на база полу-пансион) во хотел Орбел, село Добриниште,Банско Бугарија

 

Мај 2019

Healthy Yoga Wellness “ Јога одмор за ваш добробит”

23-26 Maj 2019 (3 ноки на база полу-пансион) во хотел Crown , Неа Скиони, Халкидики

 

 МЕТОДИ НА РАБОТА НА КАМПОВИТЕ

 Јога вежби : Практикуваме едноставни и ефикасни хата јога вежби за истегнување и опуштање на телото, наутро  и навечер преку кои ќе си овозможите да го почуствувате и енергизирате своето тело, да ја подобрите неговата флексибилност и ги проширите внатрешните граници.

Empowerment wellness –Употребиме методи за проценка на личната и професионална благосостојба (Wellness) и за усвојување на нови вештини за интеграција на својата физичка, ментална и духовна благосостојба.

Техники за дишење: Учите  техники на дишење преку кои ќе можете да го неутрализирате  длабоко вкоренетиот стрес и го намалите заморот.  Преку практикување на техники на дишење ќе ја подобрите личната благосостојба, ќе го зголемите оптимизмот,  зајакнете менталниот фокус и ќе си ја подигнете  имунолошката функција на организмот.

Креативна визуелизација: Применуваме и техники за опуштање и визуелизирање кои се  специјално развиени за да се практикува со луѓе и кои немаат предходно искуство во тоа. Со нив се помагаа да се смири болката и вознемиреноста во умот и се добива  способност и моќ да се исклучите по своја своја воља од внатрешно вознемирувачки ситуации. Преку креативна визуелизација ќе успеете да го однесете умот кон состојба во која ќе научи да се релаксира и да биде буден истовремено, со што се постигнува чувството на проток на енергијата.

EFT (Emotional Freedom Technique)  Применуваме техника за емоционално ослободување или за само-помош, која е базирана на медицинските сознанија за поврзаноста на умот со телото. Оваа техника ја комбинира физичката корист на акупунктурата со конвенционалните психотерапии. Во овој процес не се користат игли туку се стимулираат одредени точки на телото со едноставно тапкање, фокусирајки се при тоа на некое специфично искуство од минатото. Оваа техника е насочена кон откривање на дисбалансот на телесниот енергетски систем кој е различен  во секоја една лична психологија. Корегирајки го овој дисбаланс преку тапкање на одредени места на телото се неутрализираат негативните емоции кои се врежани во нашата потсвест и се враќа енергијата, мотивираноста и исполнетоста на  практикантот.

Тишина: Применуваме сесии во кои ќе правиме интроспекција во тишина, која заедно со техниките за дишење и медитациите, резултира со длабока детоксикација и  му овозможува на вашиот ум да се опушти целосно, истовремено оставајќи можност да се изрази  автентично но и да се приклучи на внатрешниот извор на креативност и радост.

Групна работа:  Применуваме научно дизајнирани алактки за проверка на личноста, ќе усвоите поголемо разбирање за интраперсоналната комуникација која влијае врз работата на вашиот Ум и законите на умот која ќе ви овозможи подобро да се запознаете себе си и другите.

Кои придобивки ќе ги добиете од посета на еден ваков камп

Ефективност: Длабоко чувство на релаксација и одмор, што помага да се зголеми ефикасноста и продуктивноста во животот.

Среќа: Зголемување на свесноста за личното здравје и благосостојбата

Фокус: Усвојување на техники за смирување и центрирање  на умот и личниот фокус а во исто време воспоставување на активна и будна состојба на умот

Способност да се исклучите: Усвојување на вештини за одделување на стресот и напнатоста од вас самите. Способност да спиете подобро ноќе.

Одржливо однесување:  Ќе научите како самостојно да ги користите техниките  а со тоа  добивате систем на одржливо однесување кое може да ви стане камен темелник на почетокот на вистинска грижата за себе.

Радост: Ќе го разбудите скриениот потенцијал во вас самите, потенцијал кој лежи во вашето внатрешно “Дете” и кој генерира радост, ентузијазам и среќа

_________________________________________________________________________________

За повеке информации за Јога камповите повелете на Facebook страните Healthy YOGA   Healthy Life Skills , во секцијата евенти/настани  имате детално информации за сите наши кампови

Во спротивно слободно испратете ни маил на healthyyogaskopje@gmail.com  и ние ќе ве контактираме

http://healthylifeskills.mk/mk/wp-admin/fusion_lightboximage

Healthy Life Skills од Скопје, организира еднодневни работилници наменети за професионалци и индивидуалци на тема

„CALM DOWN – SLOW DOWN”

Усвојување на вештини за воспоставување на баланс во личниот и професионалниот живот,

Доколку сакате да ги идентификувате личните стресни фактори, да научите и примените техники за справување со нив или за нивно намалување, како и да усвоите нови вештини и способности за справување со напнатост и умор, но и да го интегрирате ново стекнатото знаење во вашиот секојдневен живот овој тип на работилници е За Вас!

За прв пат во Македонија преку оваа работилница ќе работиме на хит концептот Wellness ( Health, Happiness, Wealthy) , а ќе се запознаете со концептот активирање на свеста (Body Mind & Spirit Concept) и истиот ќе го вежбате.

За повеќе информации  можете да не контактирате преку страната.